Гневот на едно ново поколение одекнува од преполниот плоштад

од Vladimir Zorba
101 прегледи

 

 

 

Тука има се: повици против дискриминацијата на животните, многунационалните корпорации, капитализмот, генетски модификувана храна, полицијата и атомската енергија, ставови во заштита на Џулијан Асанж и африканските работници, биење на тапани и дрнкање на гитари, бесплатна супа, дваесетгодишна младина која се налива со пива.4096

Пивнат парталосан маж кој едвај стои на нозе го зема микрофонот и се изјаснува со осуда: „Зборови, зборови, празни зборови!“ Друг загадочно предлага: „Треба да сме на страната на доминираните!“

Тоа е најновото политичко движење во Франција, отворено секоја вечер за публиката на централниот париски плоштад, Плоштадот на републиката, кој се претвори во огромен камп со шатори, и кој потсетува на демонстрантите од мај 1968 година, во мултикултурна форма.

Плоштадот се преполнува секоја вечер веќе цел месец, од млади луѓе кои го изливаат гневот речиси врз се. Тукашните медиуми се посебно фокусирани врз движењето кое се нарекло Nuit Debout (Преку ноќ, на нозе) – израз кој според некои од неговите претставници е инспириран од фразата на писателот од 16-от век Етиен де Ла Боеси. „Тие се високи само затоа што сме ние на клекнати на колена“. Други тврдат дека е земен од Интернационалата, химната на револуционерната левица од 19-от век.

Но движењето е нешто повеќе од само еден неорганизиран изблик на се поголемото незадоволство „со влез слободен за секого“.2eme-jour-de-l-operation-nuit-debout-a-paris_5575079

Минатиот четврток, протестот на плоштадот Република прерасна во насилство и полицијата уапси неколку десетици демонстранти кога тие одбија да се разотидат длабоко во ноќта. Некои од демонстрантите фрлаа со бетонски коцки и стаклени шишиња по полицијата, која пак одговори со солзавец. На други протести на различни места низ цела Франција, 24 полицајци беа повредени, а тројца од нив потешко.

Во време кога одбивноста кон стартите партии е се поизразено, движењето се следи со тревога и од француските политичари кои се потсетуваат имено како таквите граѓански протести доведоа до раѓањето на моќни политички партии во Шпанија и Италија.

Француското движење се роди од гневот против обидот на владата да го реформира законот за труд во Франција, со надеж да им олесни на работодавачите и ангажираат и да обезбедуваат работни места точно за такви млади луѓе кои сега го окупираа плоштадот. Предлозите на владата всушност олеснуваат и отпуштањето.

Да се каже дека планот на владата се свртел против неа е благо кажано. Одговорот на младото поколение кое се обидува со нокти и со заби да си го пробие патот на пазарот на трудот, беше очигледен. „Не го сакаме тоа што го предлагате; го сакаме она што го имаат нашите родители, и уште повеќе од тоа!“

Во текот на цел месец март студенти и синдикати демонстрираа по улиците. Протестите се проширија и во провинцијата. Владата набрзина ретерираше и го изобличи до непрепознатливост својот првичен план.

– Нашите млади се чуствуваат отфрлени од општеството. „Преку ноќ, а нозе“ го изразува имено тоа на свој сопствен начин, претпазливо анализираше премиерот Мануел Влас во интервју за весникот Либерасион.08042016nuit-debout

Отстапките не задоцнија. Исплашена од 25-процентната невработеност меѓу младите и постојаните улични протести, пред две недели владата ги покани лидерите на студентските сојузи и вети дека ќе распредели 400 милиони евра буџетски средства во форма на субвенции, даноци и помош со цел да им помогне на младите луѓе во барање работа.

Дипломците ќе добиваат државна помош во тек на четири месеци. Договори за работа на привремено за новопријавените (а тоа е проклетството на пазарот на трудот, затоа што тие се мнозинство) ќе се оданочува за да се насочат работодавачите да ги ангажираат кадрите за постојано. (Засега ефектот е обратен – организациите на работодавачи се спротивставуваат на тоа).

Незадоволството од владата, еден хит филм во кој беше нападнат голем француски газда, инспириран од документарните филмови на Мајкл Мур, и разновидниот избор на професионални организатори, на постојаните протести им помогнаа во формирањето на новото движење.

Организаторите негираат дека се негови организатори, а човекот кој беше прогласен за негов „идеолог“, Фредерик Лордон, економист левичар од Францускиот национален центар за социолошки истражувања, со одбивност ја отфрла таа чест.

– Тоа би значело претендирање за позиција во власта, а самата таа помисла е смешна. Тие немаат потреба од „идеолог“. Тие произведуваат идеи во сите правци. Немаат лидер, ниту пак портпарол. Тие спроведуваат „хоризонтална демократија“, изјави тој во интервју.

Редовните учесници споделуваат слични чувства. Дваесет и седум годишната Андреа, која работеше во шаторот „Логистика“ на Плас де ла републик, одби да го каже своето презиме (токму во стилот на организаторите) затоа што не сака да ја посочат како лидер.

Но таа го опишува раѓањето на движењето.

– По една од демонстрациите си рековме: „Ајде да не се прибираме дома!“, објасни таа. Потоа со почетокот на протестите како реакција против реформата на законот за труд, организаторите си го поставиле прашањето: „Како да ги исплашиме?“, раскажува Андреа, која според неа била член на „правната екипа“ на движењето.

Се разбира, не се сите задоволни.

Светилникот на десната опозиција, Брис Ортфио, е бесен на градоначалникот на Париз дека дозволил продолжување на масовните протести додека Франција се уште е во состојба на вонредна состојба по атентатите во ноември. „Навечер сите се на нозе, додека владата дреме!“, се пенавеше тој.

Десниот весник Фигаро коментира дека „тоа е чашата на понижувањето која премиерот треба да ја испие до дно, заедно со талогот!“ Брисел веќе ја критикуваше Франција затоа што не го ограничува својот буџетски дефицит. Владата го игнорира Брисел.

Контролата на владата навистина изгледа дека и се лизга од рацете. Наслов во Фигаро од минатиот четврток гласеше: „Владата парализирана пред лицето на „Преку ноќ, на нозе“

Министерот за економија, Емануел Макрон, поранешен банкар мразен од француската левица како прокапиталистички настроен, изјави дека основа негово политичко движење, додека неговите колеги од владата анонимно му се нафрлаат во медиумите.

Претседателот Франсоа Оланд исправен пред најверојатен пораз на изборите во 2017 година, во телевизиско интервју рече дека „нештата се подобруваат“, што само предизвика потсмев во медиумите и на улица.

Утешните зборови на шефот на државата не беа доволни за да го расчистат плоштадот Република, ниту пак понекогаш претераното полициско присуство кое лебди во позадината.

Засега секојдневните разновидни изблици на движењето се одбележуваат заразно, како кај левите, така и кај десните медиуми, како да е поп ѕвезда. „Ноќевам на нозе“ мисли на својата иднина“, беше насловот на насловната страница на Либерасион.

Пред тоа вестите во медиумите беа: дека движењето е полетно и придружено со радосни извици и плукање врз десничарскиот филозоф Ален Фринкелкраут, дека изгледа има премногу брадести левичари професори во своите редови, дека не било доволно привлечно за жителите на сиромашните предградија.

Додека тие умуваат што бараат или кои ќе бидат нивните следни чекори, учесниците изгледа дека баш си се забавуваат пред да си заминат, барем засега.

– Ова е пријатно движење. Тоа покажува дека се уште живееме во демократија, рече Емануел Кола, 22-годишен ИТ специјалист додека неодамна од страна ја набљудуваше групата. „Имено, токму затоа ја сакаме Франција. Тука има толпи луѓе. Тоа нема нештата радикално да го промени, но сите тие луѓе покажуваат дека ја сакаат слободата“.

Во една од ретките очекувано спокојни вечери таа привлечност на движењето беше баш очигледна.

– Тие испробуваат нов начин на правење политика, рече Флориа Шапел, инженер во министерството за станбено градежништво. „Тоа стимулира, ја освојува свеста. Нешто како виталност, воља за промена на светот“

Њујорк тајмс – Њујорк