Најниската цена како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки и задоцнетото плаќање се клуните проблеми на фирмите во јавните набавки се вели во денешниот извештај од следењето на јавните набавки за периодот јули – декември 2015 година на Центарот за граѓански комуникации. Извештајот содржи резултатит од истражувањето на 254 фирми и анализата на жалбените постапки.Ви пезентираме дел од наодите:
Истражувањето на фирмите за нивното искуство во јавните набавки покажува дека:
- двата најчести проблеми со кои се соочуваат фирмите се најниската цена како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки и задоцнетото плаќање;
- просечното чекање за наплата на спроведените договори изнесува 8 месеци;
- 79% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки и тоа: 37% сметаат дека во јавните набавки често има корупција, 10% велат секогаш, а 32% ретко. Само 21% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција.
Основни наоди од мониторингот на јавни набавки се:
- стручните лица кои ги ангажирал Советот за јавни набавки при давањето согласности за тендерите во 2015 година ги чинеле институциите вкупно 2,2 милиони евра;
- на секој четврти мониториран тендер имало по еден понудувач;
- преку преговарање без објавување на оглас во 2015 година се склучени договори во вредност од 29 милиони евра;
- во 2015 година поништени се 19,9% од постапките за јавни набавки.
Анализата на жалбените постапки пред Државната комисија за жалби по јавни набавки покажува:
- за повеќе од 18 илјади спроведени тендери во 2015 година, доставени се само 523 жалби што упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки од само 2,8%;
- 67% од жалбите се доставени против одлуките за избор на најповолна понуда.
Овој проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.