Нормални луѓе се претвораат во убијци кога нема “чаре”

од desk3
123 прегледи

Да убиеш криминалец со камења или да претепаш до смрт крадец – во многу африкански земји зголемуваат случаите на земање на правдата во свои раце. Насилството расте и бидејќи никој веќе не верува на полицијата.

0,,19235835_303,00

Дописникот на ДВ Ерик Понда одлучил дека тоа е крај. Минатата година на враќање од интервјуто неговиот автомобил се расипал и тој ја дотуркал бавно на самиот крај на патот. Но однекаде изникна пешак, кого тој го закачил за едната нога. И тогаш почнал пеколот: од соседните куќи излегле гневни луѓе и почнаа да го линчуваат. Ја испокршиле целата негова техничка опрема и ограбиле сè од колата. За среќа некаде се појавила полициска кола и тоа му го спасило животот. “Ако не беа полицајците, веројатно ќе ме запалеа заедно со колата”, вели дописникот на ДВ.

Тој поднел жалба во полицијата, но ништо не се случило. “Не можеш да докажеш, кој е сторителот”, вели тој. Во реонот на Момбаса слични напади се секојдневие, додава новинарот.

 

Гневот на едно ново поколение одекнува од преполниот плоштад

 

Повеќе од 500 жртви годишно
Во 2011 година за прв пат полицијата во Кенија го воведе во криминалната статистика терминот “линч” – како форма на земање на правдата во свои раце. Билансот за една година: 543 жртви. Во Уганда пак во 2014 година биле регистрирани 582 случаи на убиени луѓе преку линч, што прави повеќе од 1,6 случаи на ден. Во Малави во последните неколку месеци 16 лица биле подложни на најжесток начин на линч, според податоците на ОН.

0,,19234899_401,00

Во Јужна Африка тоа го нарекуваат “ставање на прстен” еден суров ритуал за убивање – Ставаат врз телото автомобилска гума, натопена со бензин, при што намерно криминалец да согорува жив и во пеколни маки. Секоја година има по неколку такви случаи на саморазправа.

Дури политичарите не се осигурани против такви настани. Во април во главниот град на Нигерија, Абуџа, лута толпа на луѓе заобиколила еден сенатор,му ја кинеле облеката и напишале врз неговото тело понижувачки навреди. Причината за хорскиот гнев: на социјалните мрежи се појавиле информации дека предметниот политичар се збогатил нелегално.

Зошто нормални луѓе се претвораат во убијци?

Криминологот Гејл Супер од Универзитетот во Кејптаун ги гледа причините за тоа во тешките социјални проблеми во африканските земји и огромниот јаз меѓу сиромашните и богатите. “Најмногу случаи на линч се регистрираат во сиромашните квартови – таму, каде кражбата стана бич за луѓето”, вели таа. Не треба исто така да се заборави дека колективното дејствување, во случајот – линч, го засилува чувството за припадност кон одредена заедница. “Со своите постапки луѓето сакаат да покажат дека нивната заедница нема да толерира криминална активност”, додава експертката.
Во Африка многу луѓе мислат дека земањето на правдата во свои раце е поефикасно средство против криминалот, отколку што е полицијата. Во голем број африкански земји органите на редот страдаат од недостаток на персонал. Неодамна шефот на полицијата во Нигерија се пожали дека во целата држава Нигер имало помалку од 8 илјади полицајци, што прави еден полицаец на близу 500 жители. Да не зборуваме за тоа дека во повеќето земји во Африка полицајците се сметаат за исклучително корумпирани и демотивирани да си ја вршат совесно работата.

“Многу луѓе едноставно не им веруваат на полицијата и се сомневаат дека таа може да направи нешто против високите нивоа на криминал”, вели за ДВ Лизет Ланкастер од Институтот за безбедносни студии во ЈАР.

Зони на беззаконие

Овој проблем е најсилно изразен во големите градови. “Често полицијата доаѓа предоцна – кога други луѓе ја нашле жртвата. За жителите на такви населби како да не постојат закони”, вели Ланкастер. И таа ја нема предвид само полицијата, но и отсуството на традиционалните авторитети, кои ќе се грижат за редот и спокојството на граѓаните.

По својот инцидент дописникот на ДВ Ерик Понда исто така нема да се сеќава на полицајците со ништо добро. Точно е дека нивната појава го прекинала линчот, но пак последователно полицијата не направила ништо за откривање на сторителите. “Еден ден може само така да загубиш сè, дури и живот”, вели тој. Оттогаш Понда секогаш има едно на ум, кога се движи по улиците на Момбаса.