Единственото штетно странично влијание на хероинот е запек – тврди своевремено германскиот концерн “Баер”. Во минатото многу од забранетите денес дроги се продавалe легално. Голем дел од нив се измислени од Германци.
Германски напад со … дрога
За време на нападот на Полска во 1939 и над Франција во 1940 голем дел од хитлеровите војници се борат на фронтот под влијание на опојни супстанции. Во нападот против Франција на пример биле дадени 35 милиони таблети “Первитин”. Овој метамфетамин бил нарекуван “чоколадо за полицаец” или “апчињата на Геринг”. Само што и сојузничките трупи користеле опијати.
Будни, бестрашни, неуморни
Чудесното средство на германскиот Вермахт е произведено првично во течна форма – од еден Јапонец. Хемичари на Берлинскиот фабрики “Темлер” сепак изработат супстанцата и ја патентираат во 1937. Само една година подоцна “Первитин” почнува да се продава како лек. Дејството му е чудесно: го отстранува чувството на замор, за глад, жед или страв. Во денешно време е познат како “Crystal Meth”.
Земал ли е и Хитлер дрога?
Историчарите се расправаат околу тоа дали и Адолф Хитлер бил зависен од опијат “Первитин”. Во записниците од прегледите на неговиот личен лекар Тео Морел се зборува многу често за лекот “X”. Не е познато што точно се крие зад овој иницијал. Се знае сепак, дека Хитлер редовно земал силни опојни средства.
Чудесниот хероин
Откривачкиот дух на германските хемичари е познат одамна. “Хероинот ќе ве ослободи од кашлица” – така Концернот “Баер” го рекламира најдобриоти лек во крајот на 19 век. Во тоа време го применувале хероинот за лекување на епилепсија, астма, шизофренија и болести на срцето. Единственото штетно странично влијание, според концернот, бил запек.
Како Копенхаген избегна банкрот и стана еко град?
Хемичар со фантазија
Феликс Хофман е прочуен како откривач на аспиринот. Второто сензационално откритие го прави побрзо случајно – додека експериментирал со оцетна киселина. Хемикалии комбинирани со киселината со екстракт од афион, односно со морфиум. Добиениот на тој начин хероин е одобрен во Германија долги години. Забранет е дури во 1971 година.
Кокаин за лекарски потреби
Во 1862 Концернот “Мерк” од Дармштат почнува да произведува кокаин во големи количини – како анестезија, користена при хируршки интервенции од очните лекари. Средството настанува како резултат на експериментите на истражувачот Алберт Ниман со лисја на растението кока, донесени од Јужна Америка. Хемичарот успева да изолира особен алкалоид наречен од него “кокаин”.
“Еуфорични и работоспособни”
Таткото на психоанализата Сигмунд Фројд конзумирал кокаин со научна цел. Во своите “Писма за кокаинот” Фројд ја опишува оваа супстанца како безопасна. По земањето лицето се чувствува “еуфорично, животно, работоспособно”, пишува тој. Констатцијата брзо испарува, откако негов пријател умира од дрогата. Во тоа време кокаинот бил препишуван како лек против мигрена и болки во стомакот.
Заборавениот патент за екстази
Американскиот хемичар Александар Шулгин е сметан за откривач на забавната-дрога “Екстази”. Всушност тој е само нејзин преоткривател. Првичната рецепт за производство на “ригестите апчиња” припаѓа на фармацевтскиот концерн “Мерк”, кој ги патентира во 1912 година. Хемичарите во тоа време биле на мислење дека тие нема да имаат никакво комерцијално значење.
Откритијата и тешките последици
ОН претпоставува дека само во 2013 година 190 000 лица починале по конзумирање на забранети дроги. Легалната дрога “алкохол” зема уште повеќе жртви: Светската здравствена организација смета дека алкохолот е причината за 5,9% од сите смртни случаи во светот во 2012 година.








