10 000 војници направија генерална проба на парадата за Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва денеска – два дена пред прославата за победата на Русија во Втората светска војна, пренесува Нова телевизија.Повеќе од 10 000 луѓе, 135 борбени машини, вклучувајќи тенкови, оклопни транспортери, како и повеќе од 100 авиони и хеликоптери ќе учествуваат во парадата на 9 мај.
Во пробата учествува и министерот за одбрана Сергеј Шојгу. На 9 мај тој ќе ја прифати парадната команда на началникот на копнените сили на Руската Федерација Олег Салјуков.



