Партијата за демократски просперитет (ПДП) ќе учествува на утрешниот протест во Скопје кој го организира албанскиот опозициски совет. Партијата ќе поддржи како што истакнаа на денешната прес-конференција, секое друго протестирање кое има за цел политичките промени во ова земја и уривање на, како што рекоа, авторитарниот режим.
– Го повикуваме нашето членство на организиран начин да учествуваат на утрешниот протест во Скопје, затоа што протестите се столб на демократијата, и токму поради ова апелираме протестот да биде што помасовен, мирен и достоинствен – изјави портпаролот на ПДП, Кенан Али.
Од ПДП на прес-конференцијата истакнаа дека Основниот суд Тетово донел решение за упис на легитимниот избран претседател, Фатон Алити како застапник на Партијата за демократски просперитет. Решението е донесено врз основа на статутарните одредби и законот за политичките партии, согласно усвоените акти на последниот конгрес на ПДП.
