300 светски економисти: Оф-шорките да се стават под контрола за сметка на човештвото

од desk3
123 прегледи

300 од водечките економисти во светот повикаа на нови правила, кои ќе ги задолжат компаниите да објавуваат и оданочуваат активностите во сите земји во кои работат. Во писмото упатено до светските лидери, економистите инсистираат Британија да “преземе водството” во иницијативата за поголема даночна транспарентност, соопштува BBC.

0124615001423642459_538707_600x458

“Потребни се нови глобални договори за оданочување земја по земја, вклучувајќи ги земјите кои се даночни засолништа. Владите треба да се уверат дека информациите за вистинските сопственици на компании и фондови е јавна “, пишуваат економистите, меѓу кои се авторот на економски бестселери Томас Пике и минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за економија Ангус Дијтон. Иницијатор на писмото пак е невладината организација Oxfam.

Апелите на експертите најверојатно се предизвикани и од скандалите Panama Papers ( “панамски документи”), кои открија големи планови за даночно затајување на глобално ниво.

“Даночните засолништа практично овозможуваат на компании и поединци да минуваат тенко за сметка на целото човештво”, ги објаснува мотивите за потпишувањето писмото д-р Ха-Џун Чен од Универзитетот во Кембриџ.

Денот на победата

Неговиот колега Џефри Сакс од Универзитетот “Колумбија” додава дека токму преку даночните засолништа “богатите и влијателните владеат со светот на финансии”.

Според Џејмс Куармби, адвокат од меѓународната правна фирма Stephenson Harwood, смета дека оф-шорните центри играат важна улога во областите на финансиите и трговијата.

“Панамските документи” покажаа дека многу луѓе ги користат офшорките за криминални активности. Но не можеме да ги затвориме овие центри само поради одделни криминалци. Во Њујорк, Франкфурт и Лондон се перат многу повеќе пари “, смета тој.

Од Oxfam потсетуваат дека над половина од офшор компаниите, создадени од панамската адвокатска фирма “Мосак Фонсека” ( одкаде истекоа “панамско документи”), се регистрирани во Британските Девствени Острови. Според организацијата тоа ја поткопува улогата на Велика Британија како лидер во борбата против маѓепсаните практики.

Пред еден месец Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија, се согласија да разменуваат информации во нов напор против меѓународното прикривање на данок. Само Британија сепак вети дека ќе ги направи информациите за своите граѓани јавни.

Овој четврток на Островот ќе се одржи самит за борба против корупцијата. На неа ќе присуствуваат политичари од 40 земји, како и претставници на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.