Путин рече дека сум гениј и дека ќе бидам следниот лидер на САД, изјави фаворитот за републиканската номинација за претседател Доналд Трамп пред своите приврзаници во Вашингтон, покажува видеорепортажата на агенција “Ројтерс”. “Зарем не би било убаво ако всушност почнеме да се разбираме со Русија?”, Прашува тој.
За време на годинешната прес конференција во декември Путин го нарече Трамп “апсолутен лидер во претседателската трка”, “брилијантен” и “талентиран”.
За време на настанот Трамп ја нападна остро и конкурентката од Демократската партија Хилари Клинтон со зборовите дека сопругот и малтретирал повеќе жени отколку било кој друг во историјата на политиката, а Клинтон му го дозволувала тоа. “Некои од овие жени беа уништени не од него, туку од начинот на кој Хилари Клинтон се однесуваше со нив, откако се се дозна”, рече тој.
