Пет Бјукенен: Ги жнееме плодовите на разбирливиот гнев на Путин и рускиот народ

од desk3
96 прегледи

На 29 април руски борбен Су-27 изврши опасен маневар во непосредна близина од американскиот воен авион RC-135, кој се наоѓаше над Балтикот – втор пат во последните две недели. Покрај тоа порано во април руски воени авиони два пати летаа над американскиот воен брод “Доналд Кук”, кој патролирал во Балтичкото Море недалеку од рускиот град Калининград. Владимир Путин испраќаше сигнал: држете ги шпионски бродови и авиони на почитувачко растојание од нас.

pet1
Но ние очигледно не го разбравме неговиот сигнал. Пак на 29 април, заменик-министерот за одбрана Роберт Ворк објави дека 4.000 војници од НАТО, вклучувајќи два американски баталјони, ќе бидат распоредени во Полска и балтичките земји – до самите руски граници. “Русија врши многу ненадејни вежби на своите граници со учество на големо количество војници”, изјави Ворк, и го нарече сето ова “необично провокативно однесување”. Но зошто активностите на руските војници во Русија ние ги восприемаме како провокативни, а активностите на американските војници до границите на Русија – не?
Германија мора да испрати еден од 4-те баталјони кои ќе бидат распоредени во Прибалтикот. Но анкетата на фондацијата “Бертелсман” покажува дека само 31% од Германците поддржуваат испраќање на германски војници во Прибалтикот и Полска, а цели 57% се искажуваат против таков чекор, иако договорот од НАТО да го бара тоа. Анкетирање на Истражувачкиот центар Пју лани покажа дека мнозинството Италијанци и Французи се прогласуваат против започнувањето на воени дејствија против Русија, дури и ако таа навлезе во Литванија, Латвија, Естонија или Полска. Ако работите стигнат до војна во Прибалтикот, нашите европски сојузници ќе претпочитаат во неа да се борат Американците. Кога помина во оставка командантот на армијата, генерал Реј Одиерно беше прашан која е главната стратешка закана за САД, а тој ги повтори зборовите на генералот од маринците Џозеф Данфорд: “Јас сметам дека тоа е Русија”.

pet2
Тој ги спомена заканите за Естонија, Латвија, Литванија и Украина. Патем, кога генерал Одиерно пристапил на служба во армијата, овие држави беа дел од Советскиот Сојуз и на ниту еден претседател од времето на Студената војна не му паднало на ум дека вреди да се војува за нив. Независноста на балтичките држави беше еден од најважните аргументи на светот, кој беше утврден по крајот на Студената војна. Но кога тие станаа толку значајни за американскиот интерес што заради гарантирање на нивната безбедност да започнеме војна со Русија? Путин може и да ја предводи листата на непријателите на врхушка во Вашингтон, но вреди да се обидеме да погледнеме на светот од неговите позиции.

 

Inquisitr: Американците можат да се спасат од Трамп не само во Канада, туку и во Русија

Кога Роналд Реган се сретна со Михаил Горбачов во Рејкјавик во 1986 година, Путин бил малку над 30-годишна возраст, а советската империја се простира од Елба до Беринговиот теснец, од Арктикот до Авганистан. Русите беа во Африка, Карибите и во Централна Америка. Советскиот Сојуз беше глобална супердржава, беше постигнат стратешки паритет со САД. А сега помислете како се променил од тогаш светот за Путин и Русија. Кога Путин наполни 40 години, Црвената армија го започна своето наполеоновско повлекување од Европа, а неговата земја се распадна на 15 држави. Кога, пак, тој ја зеде власта, СССР беше загубил една третина од територијата и половина од населението. Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан, Грузија, Ерменија и Азербејџан излегоа од Русија.

pet3

Црното Море, кое пред припаѓаше на Советскиот Сојуз, беше поделено меѓу прозападната Украина на север, непријателски расположената Грузија на исток и две поранешни држави од Варшавскиот пакт на запад – Бугарија и Романија, кои беа примени во НАТО. Сега руските бродови, кои тргнале со курс од Санкт Петербург кон Атлантикот, треба да минуваат во близина на крајбрежјето на 8 држави од НАТО – Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Германија, Данска, Норвешка и Велика Британија. Путин набљудуваше како НАТО – и покрај сите ветувања на САД, дадени на Горбачов – постепено ја голта Источна Европа, од која Русија се повлече, и три поранешни републики на Советскиот Сојуз.
Сега тој слуша како американските јастреби повикуваат трите поранешни советски републики Молдавија, Грузија и Украина да бидат примени во НАТО – алијансата, која е наменета непосредно против Русија. Откако Путин успеа да го убеди Киев да влезе во предводената од Москва економска унија, тој виде како проруската влада на Украина беше симната преку државен удар, поддржан од САД. Тој гледаше исто како финансирани од САД “обоени револуции” се обидуваа да соборат пријателски кон Москва режими во други земји од поранешниот Советски Сојуз.

pet4

“Русија не ја прифати протегнатата рака за партнерство и го избра патот на непријателството”, рече високиот командант на Обединетите сили на НАТО во Европа, генерал Филип Бридлав. Но зошто Путин треба да ги перцепира немилосрдните движење на НАТО кон исток како “подадена рака на партнерство”? Ако ние ја изгубивме Студената војна и руските воени авиони почнаа да патролираат долж брегот на Пенсакола, Норфолк и Сан Диего, како ли би реагирале пилотите на американските борбени авиони F-16? Ако наеднаш бевме откриле дека Мексико, Канада, Куба и поголемиот дел на Јужна Америка влегуваат во воен сојуз, насочен против нас, дека тие имаат руски воени бази и руски војски на својата територијата, ќе го перцепираме тоа како “подадена рака на партнерство “? Ние ги жнееме плодовите на сосема разбирливоиот гнев и незадоволство на рускиот народ, револтиран од тоа како да имаат корист од распадот на советската империја. Не бевме ли ние оние кои ја отфрливме протегнатата за дружба рака на Русија, кога решивме да го наметнеме својот “еднополарен светски ред”, да си играме “голема империја” и да се стекнеме со статусот на “великодушен глобален хегемон”? И ако сега сме сведоци на втора Студена војна, Русија ли ја беше почнала? / БГНЕС
———————
Патрик Бјукенен, познат американски конзервативен политичар, коментатор и автор. Бил советник на претседателите Ричард Никсон, Џералд Форд и Роналд Реган. Во 1992 и 1996 година учествува во трката за избор на претседателски кандидат на Републиканската партија. Бјукенен е автор на книгата “Самоубиството на суперсилата: ќе преживее ли Америка до 2025?”. Написот е објавен во весникот “The American Conservative”.