СДСМ: Зошто Богов на крајно нетранспарентен начин дозволи продажба на „Алфа Банка“?

од Vladimir Zorba
96 прегледи

„Гувернерот Богов на крајно нетранспарентен начин даде дозвола да се продаде „Алфа Банка“ АД Скопје за 1.2 милиони евра на Швајцарски фонд, чиј претседател на Управен Одбор се јавува и како основач на компанија која соработувала со Владата предводена од Никола Груевски. Предмет на соработка биле консултатантски услуги.

dimitar-bogov

Пред само 30 дена од кабинетот на гувернерот Богов беше лиферувана информација за медиумите во која децидно беше кажано дека нема поднесено барање за купопродажба на акциите на Алфа Банка АД Скопје и доколку такво барање биде пристигнато за истото ќе биде известена јавноста.

После 30 дена молк, не само што не беше известена јавноста туку денеска на Македонската берза преку блок трансакција се продадени 100% од акциите на Алфа Банка АД Скопје за 1.2 милиони евра.

Дали Гувернерот Богов во рамките на своите надлежности, ги исполнува се уште наредбите на поранешниот премиер Никола Груевски исто како и лицето Ѓорѓе Иванов?

Богов е должен да и одговори на јавноста зошто на таинствен и нетранспарентен начин дозволи продажба на „Алфа Банка АД Скопје“, се вели во соопштението на СДСМ.