Фидел Кастро проштално: Наскоро ќе наполнам 90 и … на секој му доаѓа редот

од desk3
106 прегледи

“Наскоро ќе наполнам 90 години и со мене ќе се селучи како со другите. На секој му доаѓа редот “. Зборови како за на проштевање, изречени од човек, кого веќе осма година чекаме да умре, но го сметаме за бесмртен. Тоа своевидно збогување со животот на Фидел Кастро го даде пред 1300 партиски активисти во Конгресниот центар во Хавана. Во прва јавна изјава од пред повеќе години Ел Командатне кој ќе наполни 90 години на 13 август, зборува со силен, иако малку рапав глас, пренесоа светските агенции. “Можеби тоа е еден од последните пати кога зборувам …

20160510.gpwjefwlya

Идеите на кубанските комунисти ќе останат како доказ дека на оваа планета, ако човек работи упорно и со достоинство, може да произведува материјалните и културни блага потребни на човечките суштества “, рече револуционерниот водач, поздравена со извици” Фидел, Фидел “.
Во говорот Кастро не пропушти да го предупреди човештвото. “Најголемата опасност доаѓа од разурнувачката моќ на современите оружје, кои се способни да го нарушат мирот на планетата, објави тој. – Може да се направи невозможен животот на подлогата и да доведе до бришење на човечкиот род, како што тоа се случило со диносаурусите “. Колку неговите зборови ќе се покажат пророчки, треба да видиме.
Личноста на Кастро децении го врзува вниманието на светската јавност. Мислењата се на двете крајности – од издигнување во култ до тотално негирање на диктаторот.
Неговата улога во светските процеси сепак е неоспорна, а на историјата ќе и оставиме да го определи неговото место.

04-Kastro-4egevara

За официјален датум на раѓање на Кастро се наведува 13 август 1926 година, но некои тврдат дека е доста подоцна. Фидел Алехандро Кастро Рус се појавува на виделина во шеќерна плантажа крај градот Биран, во семејство на шпански имигранти. Момчето мора да почека две години, за да биде легализирано од својот татко, кој има уште 7 деца – 5 ќерки и двајца синови.

Le Figaro: Русија го надминува САД во решавање на сирискиот проблем

Податоците за образованието на Кастро се контрадикторни. Се смета дека првично учи во приватни католички училишта. Завршува средно образование во 1945 година во језуитското подготвително училиште “Белен” во Хавана. Подоцна истата година студира право во Хаванскиот универзитет, каде што се вклучува во студентски судири меѓу групи со различни политички ставови. Во 1947 година се приклучува на левата ортодоксна партија. Таа е основана од Едуардо Чибас, кој пак се кандидира за претседател и се прогласува за економска независност од САД. Иако Чибас ги губи изборите, Кастро останува негов активен поддржувач. Во 1948 година Фидел учествува во студентска конференција во колумбиската престолнина Богота, каде се вклучува активно во настанатите во исто време немири. Се враќа во Куба и се жени за Мирта Дијаз Баларат, студентка од богато семејство, а во 1950 година дипломирал на универзитетот.

04_Fidel Castro2

По дипломирањето Фидел Кастро станува адвокат во Хавана и е активно ангажиран со ортодоксаната партија. Во 1952 година се кандидира за место во парламентот, но изборите се откажани по воениот удар, предводен од генерал Фулхенсио Батиста. Режимот на Батиста ја има поддршката на конзервативните средини во Куба и е официјално признат од САД. Кастро, кој во тоа време се разликува од ортодоксната партија, прави обид да го обвини Батиста взакршење на уставот, но Уставниот суд одбива да разгледа петицијата.

Во следните месеци Фидел ја напушта адвокатската пракса и организира илегална група, во која учествува и неговиот брат Раул. Тие подготвуваат илегален напад на Куба, насочен против Батиста, како кон нив се вклучува и Ернесто Че Гевара.

На 26 јули 1953 година организираат напад врз касарната Монкада

Над 60 лица се убиени. Кастро, со група истомисленици, успева да побегне во планините Сиера Маестра, но малку подоцна е фатен. Не е целосно разјаснето зошто Фидел и Раул Кастро не се убиени при апсењето, како и повеќето нивни соучесници. По нападот на касарната Фидел е осуден на 15 години зад решетки. Лежи во затвор на островот Пинос. Пикнат е во еднокреветна ќелија без книги каде ги излева чувствата во писма до омилените жени. Едната е неговата сопруга, а другата – љубовницата. Од управата на затворот намерно ги разменуваат писмата и жена му, добивајќи писмо упатено до љубовницата, сака развод.

04_Fidel Castro1

Во мај 1955 година е ослободен при општа амнестија и заминува за Мексико.

На 2 декември 1956 година се враќа илегално во Куба заедно со осумдесет свои следбеници, меѓу кои е и Че Гевара. 18 месеци Кастро води партизански отпор од базата во планината Сиера Маестра. Во март 1958 година објавува манифест, ги повикува Кубанците на сенародна борба против Батиста. Избувнаа востание кое успева, а тој триумфално влезе во Хавана на 8 јануари 1959 година Режимот на Батиста е соборен, а Кастро застанува на чело на Куба и ја претвора во првата комунистичка држава во западната хемисфера. Фидел станува претседател на Државниот и на Министерскиот совет и претседател на републиката.

HAVANA, CUBA - NOVEMBER 22:  Cuban President Fidel Castro (R), who is recovering from injuries suffered in a fall, attends a meeting with Chinese President Hu Jintao (not pictured) at the Palace of the Revolution November 22, 2004 in Havana, Cuba. Jintao, who arrived after visiting Brazil, Argentina and Chile, is on a two-day trip to Cuba.  (Photo by Jorge Rey/Getty Images)

А еве и билансот од “режимот” на Кастро

На островот се отвораат врати на 10 000 нови училишта, а 98 проценти од населението е образовано. Куба има стабилен здравствен систем. Сето ова – за сметка на граѓанските права. Синдикатите го губат правото на штрајкови, независните весници се затвораат, а верските институции се малтретирани. Кастро ја ликвидира опозицијата со егзекуции и апсења, охрабрувајќи ја на тој начин емиграцијата. Најголемиот прилив на емигранти е во почетокот на 80-тите. Според податоци на дисидентите режимот принудил 2 милиони Кубанци и нивните наследници да емигрираат. Извршени се 5700 егзекуции, 1200 убиства без суд и пресуда, 77 800 се исчезнати во обид да ја напуштат Куба по море, а 11 700 Кубанци загинале во меѓународни мисии.

Во јули 2006 година Фидел Кастро претрпува операција на стомакот. Тогаш ја отстапува власта на 5 години помладиот брат Раул.