МПЦ-ОА загрижена за актуелните состојби во државата

од desk3
81 прегледи

vladici-mpc

Архиепископскиот управен одбор на Македонската православна црква – Охридска архиепископија искажува загриженост за актуелните состојби во државата и упатува повик до верниците и до сите граѓани на Република Македонија за надминување на состојбата во насока на меѓусебно помирување и зацврстување на заедништвото преку одговорно однесување засновано врз взаемна почит и разбирање.

Тоа го сооопшти Архиепископскиот управен одбор на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по редовното работно заседание одржано денеска во просториите на Македонската архиепископија.

Архиепископскиот управен одбор ги повикува и сите одговорни лица и институции да сторат усилби за одбрана и сочувување на националниот идентитет, името и опстојување на унитарноста на државата Република Македонија./МИА