(ВИДЕО) ЛДП: Селективна правда

од Vladimir Zorba
71 прегледи
134545
Чии интереси штити првиот обвинител Марко Зврлевски и зошто се уште Основното јавно обвинителство не постапило по кривичната пријава која уште лани  во мај ја поднела Либерално Демократската партија против непознати сторители за тепање студенти во библиотеката “Браќа Миладиновци”, прашува партијата. Според ЛДП, Зврлевски работи селективно и наместо интересите на граѓаните ги брани оние на како што велат врхичката на власт, пренесува 24Вести.
Иако стапивме во контакт со Скопското јавно обвинителство, сепак тие не одговорија на нашите прашања. Инаку, кривичните пријави по кои според Чадиева не постапило обвинителството се однесуваат на ланските настани кога полицајци и припадници на единицата за брзо распоредување влегоа  во библиотеката барајќи демонстранти меѓу студентите и употребувајќи прекумерна сила.
Истата вечер пред Владата имаше судири на полицијата со демонстрантите кои протестираа  за убиството на  Мартин Нешковски откога дента СДСМ објави тн. бомба во која според  разговорите највисоките членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го прикријат убиството на Нешковски.
Целиот политички став можете да го видите тука