Петмина поранешни генерални секретари на НАТО потпишаа обраќање против “Брекзит”

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Излегувањето на Британија од Европската унија ќе биде добредојдено за непријателите на Западот, под ова предупредување се потпишаа петмина поранешни генерални секретари на НАТО. Во писмото до британскиот “Телеграф” тие изразуваат загриженост од можноста Британците да гласаат за напуштање на ЕУ, соопштија светските агенции.

zx450y250_2756858

Потписниците на писмото се петмина поранешни шефови на НАТО од 1984 до 2014 година – лорд Питер Карингтон, Хавиер Солана, лорд Џорџ Робертсон, Јап де Хоп Шефер и Андерс Фог Расмусен.

Тие велат дека Британија е клучен партнер во НАТО и дека вкупната работа на НАТО и ЕУ е фактор за стабилност во светот.

“Како поранешни генерални секретари на НАТО ние внимателно ја следиме растечката загриженост и дебатите за ЕУ ​​во Британија. Поради опсегот и димензиите на предизвиците кон мирот и безбедноста, со кои колективно се соочуваме евроатлантската заедница има потреба од делотворно ангажирање Обединетото Кралство”, гласи писмото.

“Во време на глобална нестабилност и кога НАТО се обидува да ја зајакне својата улога во Источна Европа, ќе е многу загрижувачко, ако Британија го прекине членството во Европската унија”.

Авторите потсетуваат дека Британија одигра клучна улога во Европската унија за наметнување на санкции на Русија и Иран и продолжуваат: “Одлуката ќе ја донесе британскиот народ, но Брекзит несомнено ќе доведе до слабеење на влијанието на Велика Британија, ќе го поткопа НАТО и ќе биде добредојдено за непријателите на Западот точно кога ние треба да сме соочени рамо до рамо во евроатлантската заедница против заедничките закани, вклучувајќи ги и оние кои се пред прагот”.

Лорд Карингтон служел во Втората светска војна и бил награден со Воен крст. Тој е единствениот жив член на владата на Винстон Черчил од 1951 до 1955 година и работел исто во владите на Харолд Макмилан и Алек Даглас-Хоум.

Хавиер Солана е поранешен министер за надворешни работи на Шпанија, лорд Џорџ Робертсон беше министер за одбрана во владата на Тони Блер, Јап де Хоп Шефер е поранешен министер за надворешни работи на Холандија, а Андерс Фог Расмусен е поранешен премиер на Данска.

Сегашниот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг исто така, изрази мислење дека Велика Британија треба да остане во Европската унија, потсетува “Телеграф”. “Можам да кажам што е важно за НАТО. Силна Британија во Европа е корисна за нашата безбедност, таа е корисна за НАТО и јас го поздравувам ова. За нашата безбедност и за НАТО е лошо ако Европа е фрагментирана”, изјави Столтенберг.