Парламентарците се од најголемата опозициска партија “Алтернатива за Германија”

Пратеници од најголемата опозициска партија “Алтернатива за Германија” побараа укинување на санкциите против Русија, објави весникот “Известија”.Соодветна резолуција денес, 11 мај, ќе биде испратена до владата на Баден-Виртемберг. “Нашата фракција ќе испрати во провинциската влада документ во кој ја објаснува потребата од укинување на санкциите за РФ, а исто така се опишани неговите последици. Во текот 1-2 недели тој треба да биде разгледан, по што документот треба да биде предаден на ландага (покраинскиот парламент) “- изјавил еден од авторите на законот пратеникот Удо Штајн. За одбележување е дека партијата има места во 8 од 16-те сојузни покраини на Германија.