
Во најпрецизниот, прогнозиран и предвидлив “пресврт” во историјата на телевизијата, главниот лик во “Игра на престоли” Џон Сноу одеднаш отвори очи, воздивна длабоко и се врати од светот на мртвите. Таква е судбината на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), покрај бескрајните проекции на “неуспехот” на “застарениот” НАТО, особено во последните неколку напади од водечкиот републиканец Доналд Трамп. Со избран нов врховен сојузен командант во седиштето на НАТО во Белгија видовме последователно предавање на власта од еден американски генерал со четири ѕвезди од ВВС- Фил “Бавана” Бридлав, на традиционалниот и одличен нов избор, армискиот генерал Кертис Мајкл “Скап” Скапароти. Скапароти има големо искуство во Европа во текот на својата долга кариера, и – уште поважно – исклучителни дипломатски и интерперсонални вештини, кои ќе го ставаат во добра позиција, кога тој одржува глобални операции за стравопочит и респект кон организацијата за безбедност.
И не се измамени, НАТО навистина продолжува да спроведува операции на три континенти – Европа, Азија и Африка – и има на располагање 3 милиони војници на активна служба, 24 000 воени авиони и 800 океански воени бродови. Ова е најсилниот и способен воен сојуз во историјата, со 28 членови, а наскоро и со уште еден – малата Црна Гора.
Мисиите на НАТО вклучуваат клучниот мисија за обука и напатствија на безбедносните сили на Авганистан; одржување мисија на Балканот, која помага за зачувување на мирот таму (Сетете се дека пред неколку децении Балканот изгледаше како Сирија денес); бродови на мисии против пирати крај Африканскиот рог и на бегалски операции во Егејското Море; и постојана командна структура од над 10 000 професионалци во Европа под директната команда на Врховниот сојузен командант. Во прилог на глобалните мисии, насочени против транснационални закани како тероризмот и поддршка на хуманитарни операции насочени кон бегалците, НАТО има да врши и друга работа, ако сака да биде значајна.
Поранешниот шеф на ЦИА откупува водечки српски компании
Како кај Џон Сноу, потребно е, но не е доволно само да си ги отвориш очите и да земеш здив. Значи каков е планот за новиот висок сојузен командант? Прво, тој мора да почне да се гледа во сајберпросторот и ранливоста на НАТО во него. Иако зародишните напори во Естонија на центарот за совршеност за сајбер безбедноста на НАТО, продолжуваат да постојат големи, широки дупки во подготвеноста на НАТО, вклучувајќи и во областа на офанзивни дејствија во сајбер просторот.
И покрај сите пречки за соработката во сајберпросторот (индивидуална национална воздржаност при откривање на методи од висок степен на тајност, политички разлики во однос на користа од офанзивата сајбер активност), ќе биде потребно во средно и долгорочно време не само да се заштити НАТО во сајбер просторот , но исто така да дејствува офанзивно. Втора зона на фокус за новиот командант треба да биде Арктикот. Русија гради вистинска воена моќ во далекусежни делници на Далечниот север и НАТО а минимум треба да е подготвена да одговори кохерентно за студијата за распоредувањето во регионот.
Последните акробатски маневри на руски авион над НАТО авион и прелетувањето непосредно над НАТО воени бродови во Балтикот тешко би можеле да изградат доверба. Таков вид противење треба да биде избегнување на Арктикот, ако градиме таму зона на соработка, а не зона на трка или конфликт. НАТО има потреба од стратегија за Арктикот, како за почеток почнувајќи со подобар мониторинг и активни вежби и маневри за обука. Трето, би било мудро новиот командант да ја следи мисијата на НАТО во Авганистан. Преземањето на САД под критичното ниво од околу 10 000 борци, компензирано со 5000 сојузнички борци би било катастрофално. Скапароти треба да ги има предвид препораките на командантот на мисијата во Авганистан (ген. Џон “Мик” Николсон, кој исто така е нов на функцијата и е врвен водач) и да ги соопштува без страв или добродушност како по својот синџир на команда во НАТО, така и на американската страна.
При достапни 140 000 војници таму во времето кога бев врховен командант на силите на НАТО во Европа, не можам и да замислам намалување на сегашните сили под 15 000 лица – огромна контракција, каде речиси целата активна борбена активност се презема од Авганистанците.
Не би требало да се повлекуваме сега. Четврто, новиот командант треба да се стави сериозен акцент на изградба на повеќе вештини во специјалните оперативни штабови на НАТО. Во моментов оваа група се состои од неколку стотици лабаво врзани војници кои се натоварени со работа. Време е да биде обмислено дали на Алијансата и треба команда на специјалните операции што да застане паралелно со копнената, воздушната и поморската компонента кои денес НАТО ги има во Европа. Со оглед на веројатноста од повеќе мисии на специјалните сили тоа изгледа како правилен чекор.
И конечно, НАТО треба да работи напорно за да се изгради силно партнерство. Со земји кои поседуваат високо ниво на воен капацитет, афинитет кон системот на демократски вредности, која НАТО ги претставува, и историја на акција заедно со НАТО во нејзините мисии. Некои од најдобрите кандидати се Шведска, Финска, Австралија, Нов Зеланд, Швајцарија, Австрија, Јапонија и Јужна Кореја. Исто така има и други, а и опсегот на мисии – од мировната во борба со пиратството до обука на локални вооружени сили, е доволно широк.
Целото тоа потребно внимание е насочено кон двете главни предизвици со кои се соочува денес НАТО: подемот на т.н. Исламска држава (ИД) и нејзината способност да биде глобална закана и преродбата на самоволната Русија. Новиот командант веднаш ќе падне во центарот на дебатата за улогата на НАТО против ИД во Ирак и како да биде воздржуван во иднина од лошото однесување (благо речено) од страна на Русија на Владимир Путин. Станува збор за обемна, амбициозна програма. Но во споредба со она пред кое се соочува Џон Сноу, кога отвора очи и го гледа хаотичниот свет во “Игра на престоли”, пред Алијансата има многу значајни стратешки можности. НАТО ќе продолжи да биде во центарот на американската и, во исто време, глобалната безбедност – поради што има уште многу живот за организацијата. / БГНЕС
…………………..
Коментарот во в. “Хафингтон пост” е на адмирал Џим Ставридис, врховен командант на силите на НАТО во Европа (2009-2013 година).
