(ВИДЕО) Пировска: Затворениците не добиваат соодветна терапија, привилегираните можат да купат и условна слобода

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Затворениците не добиваат соодветна терапија, а постои одреден круг на затвореници кои што се привилегирани, обвинува извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска. Таа вели дека во затворите има толкава корупција што може да се купи се, од мобилен телефон до условен отпуст, информира а1он.

uranija-685x320

– Она што го добиваме како информација од затворениците и нивните семејства се дека не само што не им се обезбедува храна од затворот, туку приборот за јадење мора да им го обезбедуваат нивните семејства. Притоа има и келии во кои казната затвор ја одржуваат 35 луѓе со само еден тоалет. Секогаш кога сме барале податоци за здравствената состојба на осудениците се провлекува податокот дека голем број од нив имаат хепатит б, хепатит ц, голем број од нив се зависници, притоа не добиваат соодветна терапија ниту пак исхрана, вели Пировска.

Таа истакнува дека иако затворот има капацитет за 900 лица, во него моментално казната ја одржуваат 1800 осуденици.

Целиот текст можете да го видите тука