Ново истражување: Германиците ја лупнаа Мркел под појасот

од Vladimir Zorba
88 прегледи

 

Набљудувачите кои  се навикнати да ја сметаат СРГ за остров на благосостојба и стабилност со вознемирена од кризи Европа, се почесто стануваат сведоци на доста загрижувачки појави во германскиот живот, пишува весникот “Независимаја газета” .20160512.njsmvntuhj

Вчера јавноста  ги дозна резултатите од новото истражување на јавното мислење, а   медиумите го коментираат вака: “Удар под појасот за Меркел. Веќе две третини од Германците не сакаат четврт мандат за Ангела Меркел “.

Анкетата е спроведена на 4-9 мај од институтот “Инсаат” за списанието Cicero. Добиените резултати покажуваат дека 64% од испитаниците, или речиси две третини од Германците не сакаат канцеларот да остане на власт уште четири години – од 2018 до 2021 година

Интересно е дека изгледите за “четвртиот мандат” се отфрла отоворено  во земјата. Во старите провинции во просек 63,8%, а во новите 64,8%. А во возрасната група 45-54 години критички однос кон политиката на Меркел пројавуваат до 70% од Германците.