Американското списание “Форбс” ја објави годишната листа на најскапите брендови во светот.
Таа уште петти пат беше предводена од “Епл”, а во првата петорка влегуваат уште “Гугл”, “Мајкрософт”, “Кока Кола” и “Фејсбук”. “Епл” стана неприкосновен фаворит и оваа година, независно од тоа што за прв пат од 13 години, имаше намалување на тримесечните добивки, а акциите на компанијата паднаа со цели 30% во однос на пикот од пред една година.
Новинарите на “Форбс” оценуваат дека брендот “Епл” на 154.1 милијарди. Долари, што е за 87% повеќе од аналогниот о показател на “Гугл”, кој доаѓа на второ место на листата. “Брендот се проценува во зависност од тоа како го доживуваат корисниците. За компанијата е важно дали купувачот е подготвен да плати повисока цена за дадениот производ и ќе го направи ли изборот во корист токму на овој бренд”, објаснува професорот по маркетинг и експерт по брендирање во “Вартон бизнис училиште за” во универзитетот на Пенсилванија Дејвид Ралбстајн. Според новинарите на “Форбс” токму силата на брендот му овозможува на “Епл” да ги продадат своите смартфони на повисока цена, без оглед на тоа дека карактеристиките си тие и не се разликуваат особено од продукцијата на “Самсунг”. На второ место на листата доаѓа “Гугл” со 82,5 милијарди долари, следен од “Мајкрософт”, чија марка се проценува на 75.2 милијарди. долари.
“Кока Кола” ја задржува четвртата позиција, нејзиниот бренд е поскапе помалку во однос на претходната година од 56 милијарди. Долари до 58,5 милијарди долари. Првата петорка завршува со “Фејсбук” – 52,6 милијарди долари, кој го надмина ИБМ. Во десетици на најскапите брендови во светот влегуваат уште “Тојота”, “Дизни”, “Мекдоналдс” и “Џенерал електрик”. / РИА “Новости”