Паразит уби половина пчели во САД

од Vladimir Zorba
73 прегледи

 

Пчеларските фарми на САД загубиле околу 44% од пчелите во текот на изминатата година, што предизвика научниците да зборуваат за еколошка катастрофа и можен колапс кај целата популација на пчели поради епидемија од грини Варош (Varroa destruktor), објавија  научници од Универзитетот во Мериленд 20160513.lxmucxzflb

 

“Веќе втора година гледаме дека популацијата на пчелите продолжува да се намалува со многу голема брзина во текот на летото, што не натера да се грижиме за нејзиниот статус. Намалувањето на бројот на пчелите во зима е нормална појава, но фактот дека пчелите умираат во текот на летото, кога треба да се здрави, многу ни пречи “, вели Денис ван Енгелсдорп од Универзитетот во Мериленд.

Во последните години во САД се развива опасна ситуација како за домашните пчели, така и за нивните диви роднина. Нивниот број прво се намали за 40% минатата година, а потоа со уште 44% оваа година.

Главната причина за исчезнувањето на домашните и на дивите пчели е конкретен феномен – епидемијата на паразитски грини Варош. Тој е опасен за пчелите поради фактот дека е носител на неколку вируси, инфицирање со кои води до деформација на крилата на пчелите и разни други проблеми.