Штитот на НАТО и гневот на Русија

од desk3
101 прегледи

 

Во четвртокот претставници на САД и НАТО објавија официјално дека ракетните лансери во Романија веќе се во акција. Ден подоцна Полска ја направи првата позиција на друг клучен објект од штитот на НАТО. Сето ова предизвика нервоза кај Русија-пишува DW.

0,,19251407_303,00
Десетици странски гости пристигнаа специјално за настанот: положувањето на темелите на ракетни лансери на НАТО крај полскиот град Слупск. Засега на ова место се издига само ограда во вредност од 10 милиони евра. За време на свеченото одбележување на почетокот зад неа протестираа неколку стотини Полјаци – најмногу затоа што сметаат дека ги измамиле со бенефиции за нивните земји, врз кои ќе се гради објектот.

Местото се наоѓа на 3,5 километри од општината на Слупск. “За нас ова е вистинска катастрофа”, вели Роберт Биедрон, градоначалник на 90-илјадниот град. “На 15 километри од овој објект веќе не може да се гради ништо без согласноста на Стејт департментот. Немаме право дури работилница да отвориме”, се жали тој. Ракетите отсега веќе играат улога на предупредување и закана – “најмногу за инвеститорите”, како што вели градоначалникот. Тој објаснува дека локалните луѓе се чувствуваат измамени, бидејќи не биле добиле никакво обештетување – покрај ветувањата. Големата политика, меѓутоа, не се интересира за такви ситни проблеми.

Изградба на штитот е во полн замав

Ден пред првата позиција во Полска, официјално беше објавено дека слична ракетна база веќе е во акција во јужно-романскиот град Девеселу. “Системот претставува значително засилување на капацитетот на Алијансата за противракетна одбрана”, рече генералниот секретар Јенс Столтенберг за време на отворањето на објектот во Романија.

Полицијата во Брисел не го затворила метрото 20 минути пред атентатот поради лажна адреса

Двете летала се дел од интегриран систем за противвоздушна одбрана, која се развива веќе десет години и треба да ги осигурува Европејците против ракетни напади од Блискиот и Среден Исток. Покрај двете помали лансери во Полска и во Романија, во противракетниот штит влегуваат една голема радарска станица во Турција и четири американски воени бродови со противавионски ракети, стационирани крај јужна Шпанија. Командната централа се наоѓа во Германија, во американската воздухопловна база Рамштајн. На самитот на НАТО на високо ниво во јули во Варшава противракетниот штит официјално ќе премине под команда на Алијансата.

Идејата датира од 2007 година, кога тогашниот претседател на САД Џорџ Буш предложи во Источна Европа да се изгради противракетен систем, со што многу досаѓа на Москва. Кога дојде на власт, Барак Обама привремено го замрзна проектот, а тоа прилично беше наопаку за самите Источноевропејци. “Обама сакаше да ги подобри односите со Москва”, објаснува Густав Гресел од експертската група “Европски совет за надворешна политика” во Берлин. “Наместо првично планираниот голем штит со поширок опсег и со поголеми ракети, Обама избра една поскромна варијанта”, додава тој.

Но тоа не ги промени особено работите. Само два месеци пред натоварениот со многу симболика самит во Варшава, околу ракетниот штит пак постои уште скандал. Русија тврди дека тоа е провокација и смета дека нејзината безбедност е загрозена, бидејќи противракетниот штит може да биде опремен и со крстосувачки проектили, а тоа ја прекршила стратешката рамнотежа, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

“Овој систем има главно симболично значење”, се противи германскиот пратеник Рајнер Арнолд од СПД. Слично на голем број други експерти, и Арнолд се сомнева во ефикасноста на противракетниот штит. Според него, мнозинството земји во НАТО сепак ја поддржуваат идејата, но само затоа што им е важна соработката внатре во Алијансата. “Ние сме зависни од вкупните одлуки, а тие бараат и компромиси”, вели тој и објаснува дека целта на Путин е да предизвика раскол внатре во НАТО.

Според Густав Гресел, руската позиција е само пропаганда. “Обидот на Обама да обезбеди отвореност на Русија пропадна, едноставно затоа што Москва од внатрешно-политички причини има потреба од омраза и непријатели како НАТО и Америка”, смета тој.

Романскиот политиколог Раду Магдин исто така смета дека острата реакција на Русија е предизвикана побрзо од симбол отколку од “сеуште недокажано воено значење на противракетниот штит”. “Москва е многу иритирана бидејќи очигледно ја губи битката за геополитичка доминација во Источна Европа”, вели Магдин.

“Дали ракетите ќе ни падне на главите?”

Независно од сето тоа почетокот на противракетниот штит е многу важен сигнал за владите во Источна Европа. За Полска лансерите игра сериозна внатрешно-политичка улога, бидејќи штом безбедноста на земјата е зголемена, некои други прашања би можеле да бидат заметени под тепих. На пример заклучоците од една авторитетна студија, според која регионот на Слупск може да изгуби до 3 милијарди евра: поради одземеното земјиште, одлив на инвестиции и на работна сила.

За време на свеченото отпочнување на изградбата во Полска, сепак тоа не е важно. Можеби и токму поради оваа причина градоначалниците на околните населени места првично не биле поканети на настанот. Дури кога веста се појавила во медиумите во општината на Слупск пристигнала и покана. Градоначалникот Роберт Биедрон ја прифатил, бидејќи има важна цел: да инсистира за подобра информативна политика. “Мештаните воопшто не знаат што точно се случува тука. Тие дури почнаа да ме прашуваат дали симнатите ракети ќе им паднат на главите.”