Руската компанија “Мироу” (Mirrow) планира да лансира на пазарот алтернатива на малолитражниот Smart Fortwo, објави во четвртокот (12-ти мај) онлајн изданието [email protected].Проектот на необични градски автомобил е дело на московскиот дизајнер Александар Малишев. Во моментов колата, именувана “Мироу Провокејтр” (Mirrow Provocator) постои само во форма на компјутерски скици, но првиот прототип ќе биде подготвен уште оваа есен и ќе биде претставен на саемот во Париз.
Со должина од 2695 мм Provocator потсетува на Smart Fortwo, но останатите димензии на руската машина се далеку поголемо од германскиот конкурент. Широчината е импресивни 1980 мм без ретровизорите, а висината е цели 2045 мм. Така висината на салонот внатре во возилото е 180 см.
Mirrow Provocator може да одржи четири лица и багаж, а во иднина е можно да се појави и со 70 см подолга варијанта, кој ќе се користи за такси. Во него ќе можат да се возат петмина патници и возачот.
Provocator ќе се нуди со бензински или дизел со 3-цилиндров турбодвигател со волумен до 1,5 л. Можно е да се појават и хибридна и електрична верзија на возилото.
Планирано е цената на основната верзија да е помеѓу 3500 и 4500 евра (по курс до денес), што е околу 260-330 000 рубли.
