Мартија Станојковиќ повторно ги воодушеви публиката и жирито во студиото со изведбата на песната на Адил “Ко сам ја“. Таа ги доби сите 5 столици од судиите, но потоа настапи и во баражот бидејќи оваа емисија сите учесници добија најмногу можни гласови и во баражот мораа да настапат сите.
Сепак, во коментарите на судиите за нејзиниот настап имаше солзи, безброј пофалби и комплименти и неизбежното: Мора да те видиме во финале!
„Ова што можеш да го изведеш ти, го може само уште еден учесник, а можеби ниту еден!“ ѝ рече Милан.
„Толку си талентирана за пеење, актерство, танцување, што одвај чекам да те видам во побрза песна!“ ѝ рече Елена.