(ВИДЕ+ФОТО) Чиста суровост: Еден од терористите во Брисел ги измачувал заробениците на ИД пред да бидат обезглавени

од Vladimir Zorba
92 прегледи

20160514.yjmvlpljhq

Наџи Лахрауи применувал ужасни игри со умот на заложниците на Исламска држава пред да бидат обезглавени.

Тој е вмешан во нападите во Белгија, а малтретирал двајца заробеници на “Исламска држава”, соопштува Daily mail.
Наџи Лахрауи кој се самоуби на аеродромот во Брисел и бил дел од сириска терористичка ќелија, која обезглави двајца мажи – Ален Хенинг и Дејвид Хајнс.

24-годишниот Мароканец применувал ужасни игри со умот на заложниците. Тој им се заканувал дека секој ден “утре ќе биде денот на нивната смрт”.

Лахрауи бил познат уште како “Абу Идрис”, тој го познавал Мохамед Емвази ( “Џихадистот Џон”). Токму познатиот терорист му го дал прекарот на Мароканецот “Балди”.

Терористот бил препознат од мачениотд француски новинар, кој исто така бил заложник, но бил ослободен.
Лахрауи работел на аеродромот во Брисел 5 години до 2012, кога ја напушта и се приклучува на “Исламска држава” во Сирија.

Дејвид Хајнс



                                                               Алан Хенинг