Многу Мири има на овој ридест Балкан

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Да, дааа.

kire-naumov

Фино е да си го имаш сам испланирано животот. Посебно во зрели години. Сопругата на Милошевиќ, Мира Марковиќ, исто така си го имаше испланирано. Планираше цел живот да ги плаши своите поданици од клетите западњаци, да им продава патриотизам, а да им го краде лебот и да се насладува од нивната мака.

Пред крајот и Мира Марковиќ во нејзините прочуени дневници објавени во магазинот ’Дуга‘, ги постави основите за државното вознемирување и независните медиуми и нивните меѓународни спонзори. Упатувајќи неприкриени закани и кон опозицијата и кон независните медиуми таа пишуваше:

“Наскоро ќе се знае кој учествувал во финансирањето на некои медиуми во источноевропските земји. Тоа ќе покаже и кој бил финансиран, т.е. кој бил платен да биде петта колона во сопствената земја… Земајќи пари за да работат против својата сопствена земја, а за други, тие луѓе треба да мислат за своите потомци. Тие платеници и доушници, кои организираат демократски партии и независни медиуми за странски валути, наивно мислат дека вистината за нивните активности нема да го види светлото на денот. И наивно се надеваат дека ако ги задеси неволја, нивните финансиери ќе ги заштитат.”

Ама плановите не испаѓаат секогаш. На крајот таквите си го пакуваат *патриотскиот* кеш прибран од народот, со себе ја собираат злобата и фрустрациите и завршуваат во некоја дупка во предградието на Москва.

Многу Мири има на овој ридест Балкан.

Kире Наумов
фејсбук статус