(ВИДЕО) Калајџиев: Ако треба ќе паднат жртви, шарената револуција е предупредување

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Немаме држава, затоа немаме назад, ќе продолжиме да маршираме до победа. Се молиме да нема жртви, ни се смеат на ова хипи, со шарена револуција, но нека сфатат дека е тоа предупредување, ако треба ќе паднат и жртви, рече пред демонстрантите универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

– Ја срушија државата. Амнестијата на Ѓорге Иванов беше последен удар по правната држава. Доживеавме државен удар врз демократијата, ќе го памтиме 24 декември. И нема да го заборавиме. Но без држава, без правда, нема држава. Разбојничка дружина. Без правда, Владата не е ништо освен разбојничка дружина, рече Калајџиев.

За жал, вели тој она што на крајот нема да се памети се зборовите на нивните непријатели, особено не на мегафоните на Власта.

– Она што ќе ме боли е молкот на нашите пријатели. Затоа сме тука да кажеме дека нема да молчиме. Ме прашуваат луѓе, професоре што ќе се случи. Не знам кога, но знам дека ќе победиме. Можеби немаме тенкови, не знаеме да летаме, но Мартин Лутер Кинг рекол ако треба ќе ползиме, ама ќе одиме напред. Останавме без држава. Оваа празна зграда, ова не е Собрание, рече Калајџиев во говорот пред демонстрантите./АОн.