Студија на однесувањето на Трамп кон жените го дефинира како комплексна личност

од desk3
95 прегледи

Кандидатот за претседателска номинација на американските републиканци има предисторија на полемичко однесување со жените. Интервјуа со над 50 жени кои работеле за Доналд Трамп или имале земање-давање со него, фрла светлина врз моделот на однесување на кандидатот за републичката преизидентска номинација кон жените и го портретираат една комплексна личност, пренесоа агенциите, повикувајќи се на поручвање на весникот “Њујорк тајмс”.

zx450y250_2760180

Жените интервјуирани за објавата, се различни. Меѓу нив се жени, на кои Трамп доверил раководни позиции во империјата, бидејќи како што тој самиот признал жените работеле поцврсто. Меѓу интервјуираните има модели со кои Трамп имал врска и девојки кои учествувале во натпревари за убавина, во чија организација учествувал Трамп.

Жени, интервјуирани за објавата, се сеќаваат на епизоди во кои Трамп ги третира претставничките на понежниот пол како сексуални објекти и правел коментари за нивините фигури. Но некои жени, интервјуирани за објавата, признаваат и дека Трамп ги зголемил во империјата до позиции кои би биле недостапни за нив на други места.

Запрашан во врска со некои од случаите со жени, опишани во статијата на весникот, самиот Трамп или ги негира или оспорува фактите. Отсекогаш сум се однесувал спрема жените со голема почит, вели тој за весникот.

Изродите што не се фаќаат во „глувчешка стапица“

Барбара Рес која ја контролирала изградбата на централата на бизнис империјата на Трамп во Менхетен раскажува дека понекогаш тој ги прекинувал состаноците со коментари за сликата на жените. Рес работела за Трамп 12 години, потоа напуштила, а потоа се вратила за 6 месеци како консултант. Таа признава дека е благодарна на Трамп за можностите за реализација на професионален план, кои тој и ги дал, но раскажува и дека тој често пати се обраќал кон неа со “кукло” и правел коментари за изгледот на своите вработени, од кои станувало јасно дека тој сакал за него да работат жени кои изгелдаат добро. Барбара Рес се сеќава и на зборовите на Трамп, кога ја ангажирал на работа. Тој и рекол: “Мажите се обидуваат да бидат подобри од жените, но една добра жена е подобра од 10 добри мажи”.

Трамп заработил и репутацијата дека излегува со убави жени. Заменик-градоначалничката на Њујорк во 90-тите години Барбара Фајф се сеќава дека Трамп еднаш брзал да си замине од деловна средба со неа, бидејќи имал одлична средба со модел на Викториас Сикрет, нешто што Фајф го сметала за незрело однесување од негова страна.

Мислам дека претставата за него е погрешна, вели пак Џил Матрин, советник во компанијата на Трамп. Таа вели дека Трамп нејзе и обезбедил такви услови што таа ем да може да го даде најдоброто од себе, ем да посветува потребното време на семејството.

Во написот е објавено раскажувањето на Темпл Тагард која учествувала во натпреварот за титулата на Мис на САД, кога тој бил сопственост на Трамп. При првото познанство со Трамп тој директно ја бакнал во устата, без секакви предислови. Самиот Трамп негира дека се случило такво нешто.

Моделот Роун Бруер Лејн со која Трамп имаше врска во почетокот на 90-тите години по разводот со својата прва сопруга, раскажува дека се запознала со него на забава во зградата во Мар-а-Лаго во Флорида. Тој веднаш побарал од неа да се соблече за капење и ја претставил на сите како “девојката на Трамп”.

Алиша Мачадо, која ја освои титулата Мис Универзум во 1996 година се сеќава дека Трамп ја понижил, кога по натпреварот таа се здебелила и тој ја покажал со ваков изглед на новинарите од 90 медиуми. Потоа таа страдала од булимија, анорексија и посетувала психолог во послединте 20 години, за да го надмине понижувањето.

Од интервјуата со жените, кои комуницирале со Трамп, се појави една личност, која не може едноставно да биде поставена во некоја категорија, пишува весникот. Трамп е познат, има власт, има можност, а жените немаат. Тој има врски и дури и да се држел некогаш грубо со нив, некои од жените го бараат за помош за кариери или остануваат до него, коментира весникот.