Како што одлично предвиде во прошталниот говор во јануари 1961 година претседателот Двајт Ајзенхауер, воено-политичкиот комплекс од политичките партии и администрации ќе ги вклучува земјите во постојани војни. Овие воени авантури, особено тајните операции на ЦИА, ја поткопуваат политичката стабилност во Америка, Африка, Блискиот Исток и Централна Азија. Тие го предизвикуваат тоа, против кое Вашингтон тврди дека се бори и настојува да го спречи: тероризмот.
Како резултат американските граѓани се оставени посиромашни и помалку сигурни, да не зборуваме за ефектот врз граѓаните на други земји како Авганистан, Ирак, Јемен и други. А сепак тоа не е единствениот начин за справување со актуелните предизвици – за разлика од мислењето на владејачките. Секој претседател по Ајзенхауер се борел против ВПК и улогата на војската во надворешната политика. Претседателот Барак Обама покажа необично противречен однос кон силата на ВПК. За одбележување е дека тој драматично ги зголеми тајните операции во целина и особено водењето на борбени дејства со беспилотни летала.
За разлика од него Хилари Клинтон секогаш била бранител на ВПК. Како сенатор и државен секретар таа ентузијастички ги поддржа дури несреќните случаи на ЦИА – од Авганистан и Ирак во почетокот на новиот милениум до последните неуспеси во Либија и Сирија. Како сенатор таа ентузијастички и провокативно работеше за проширување на НАТО кон границите на Русија во Украина и Грузија. Тешко е да се потсетиме на воена акција, на која Клинтон да се спротивставила.
Безбедноста и демократијата во САД бараат прекин на тајните војни на ЦИА. Во модерната историја на САД нема институција која да има подлабок и хроничен архив од пропаѓања. Историјата на ЦИА од негативни немири и “одмазднички удри” на тероризам и криминалот треба да ги доведат американските граѓани до преиспитување на судбинско решение на Законот за националната безбедност од 1947 година, што предвидуваше создавање не само на разузнавачка агенција (која е потребна) но и на тајна армија, што сепак е рецепт за продолжување на неуспесите. ЦИА комбинира на опасен начин сериозната огнена моќ на САД со натприродното самозадоволство што датира од создавањето на првите англиски населби во Америка.
Како резултат на тоа, САД се гледа не само како на национална држава, но и како на света кауза. Ова ја објаснува самозаблудата на американските лидери за американските војни во кои тие ги определуваат националните каузи како светски каузи, а САД како спасител на слобода и независност во светот. Некој дури може да се каже дека војните на ЦИА се еден вид “американски џихад”, каде фундаментализмот е верата во екслузивноста на САД . Раните англиски протестантски доселеници гледале на своите населби како на “новиот Израел”, кој ќе ја освои Северна Америка благодарение на Божјата волјае. Тоа беше истиот ревносен дух, во суштина граѓанска религија која ги тераше англиските војски насекаде да освојуваат големи делови од светот во името на Британската империја.
Груевски како Чаушеску, Хусеин и Гадафи!?
Како англиските борци ја освојуваа Индија, Африка и голем дел од Блискиот Исток, па нивните англиски братучеди во Северна Америка го пробиваа со борба патот низ континентот, за да создадат една империја, изградена врз репресија на локалното население и поробување на Африканците. На својот пат кон освојување на континентот англиските Американци, природно, тврдеа за правото на своја империја, различна од татковината. Дури и кога САД беа сеуште новородена држава по источното крајбрежје на Северна Америка, експанзионистичкиот апетит бил голем.
Американците во 20-тите години на XIX век ја прогласуваат Северна и Јужна Америка, како вид протекторат според Доктрината Монро. Војните со локалното население, подемот на ропското општество на Кралот памук, Граѓанската војна и создавањето на инфраструктура во континентални размери ја проголта феноменалната енергија на англо-американците во XIX век. И кога освојувањето на континентот веќе конечно е завршено, САД брзо го свртуваат вниманието кон странство, почнувајќи со Шпанија-американската војна во 1898 година, отворањето на азиските пазари и почетокот на империјата, проширена во Северна и Јужна Америка и во Азија.
Теодор Рузвелт ја продолжува Доктрината Монро, објавувајќи го правото на САД да интервенираат “како меѓународна полициска сила” на територијата на Северна и Јужна Америка. Кога во почетокот на дваесеттиот век се возгордеа САД како економска и воена моќ, така се прошируваат и империјалното влијание на Велика Британија. Првата светска војна / 1914 – 1918 година / доведува до падот на четири империи – Германската, Руската, Отоманската и Хабсбуршката. Велика Британија и, во помал степен, Франција, претендираат за плен, што е особено забележливо во Блискиот Исток

. Денешните конфликти во регионот, вклучувајќи во Бахреин, Иран, Ирак, Израел, Либан, Палестина, Саудиска Арабија, Сирија и Јемен се никулци од циничните енергетски игри на Велика Британија и Франција пред столетие. Како што правилно е забележано во Версајскиот мировен договор, ставањето крај на Првата светска војна, било “мир за престанок на мирот”. По Втората светска војна / 1939-1945 година / САД ја префрлаат Британија како доминантна империјална сила во светот.
Повоениот пораст на Америка кон глобална супериорност целосно одговара на продолжениот два века самостојно изграден имиџ на исклучителна држава, чиј успех ја одразува специјалната Божја благодат. Ексклузивноста на САД дополнително ја нагласуваат од самостојно определената улога на земјата како светски спасител на слободата, водич на т. Н. Слободен свет и единствена надеж против советскиот експанзионизам. Како што нагласува во 1953 година во своето воведно слово Ајзенхауер “судбината ја поставила одговорноста за лидерство на слободниот свет на нашата земја”.
Во согласност со поставеното брање во 1904 година од Рузвелт за западната хемисфера и последователните американски воени интервенции во Централна и Јужна Америка, американските лидери по Втората светска војна дејствуваат сеедно, имаат привилегија, дури и одговорност, да се мешаат насекаде низ светот и да соборуваат влади, кои ги сметаат за непријателски на американските интереси. За да го прават тоа, тие често се обраќаат кон ЦИА, што е создадена со Законот за национална безбедност во 1947 година.
Самото име на агенцијата е многу погрешно. Иако агенцијата навистина собира разузнавачки информации, таа практично има многу поголема улога – да наметнува на САД превласт преку тајни операции, користејќи убиства, преврати, напади под странско знаме, социјална дестабилизација, фалсификувани избори, киднапирања, трговија со дрога, тортура и други вонредни средства, безобразно задушувајќи го американските и меѓународните закони. Постојат многу приказни за ЦИА, кои го документираат овој начин на работа вклучувајќи и напишаните од Стефан Кинзер , Дејвид Талбот, Вилијам Блум и Тим Вајнер. Држава која е вообразила дека има посебна глобална мисија, има и посебен проблем: секое место на планетата станува тест за глобалната мисија, мерен инструмент за Божјата благодат и огледало за проценка дали земјата се справува со определената нејзината историја улога.
Од крајот на 40-тите години на минатиот век досега нема место на планетата, за кое Америка да не се интересира. Секое место може да се претвори во полигон за субверзија и советска експанзија, односно во закана за американските намери.
Американските стратези се најмногу поделени за местата со посебно стратешко или трговско значење (како богати со нафта држави). Но, дури и сосема незначителни од економска или воена гледна точка места (како Гранада или Гвајана), исто така го привлекоа вниманието на САД и стануваат причина за интервенции на ЦИА. Штом секое место е закана, САД би требало да водат бескрајни војни, главно тајно, за да ја исполнат својата мисија во историјата со верувањето дека само едно паднато блокче од доминото, само една победа на американски противник може да доведе до негативен обратен правец против американската моќ. Затоа тајните напори на ЦИА никогаш не престанале.
Предводените од ЦИА преврати, убиства и дестабилизација се извршени веќе цели 70 години: Сирија (1949 година), Иран (1953 година), Гватемала (1954 година), Конго (1960 година), Куба (1961 година), Виетнам (1963 година), Бразил (1964 година), Саудиска Арабија (1964 година), Гана (1966 година), Боливија (1968), Чиле (1971), Авганистан (1979 година), Иран (1980-87 година), Никарагва (1985), Босна (1995 година), Авганистан (2001 година), Ирак (2003 година), Хаити (2004 година), Либија (2011 – досега ) и Сирија (2011 – досега). А ова се само неколку десетици или стотици тајни (и веќе документирани) војни. Еден внимателен поглед ја открива општата вистина за овие операции на ЦИА: тие обично предизвикале хаос, а не корисен режим.

Дури и кога ЦИА постигна успех кај “инсталирање” на владата како шах Реза Пахлави во Иран во 1953 година, одмаздничкиот удар децении подоцна (кај иранската револуција од 1979 година) се покажа огромен. Едно често тврдење за самооправдување е дека САД ја прифаќаат неволно глобалната мисија, која е во спротивност со преференциите во минатото за изолационизам.
И ќе ја прифатат, само кога е потребно да се заштити слободата – како за време на Студената војна. Ова гледиште е далеку од вистината, како што јасно покажаа настаните од 1991 година. Американскиот стремеж кон глобална супериорност не започна со крајот на Студената војна, ниту пак завршува дотаму. Всушност, распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година беше повод за незапаметено проширување на американската моќ во наводниот “вакум”, оставен по крајот на СССР. А сепак владата на САД направи лоша проценка, како што направи Британија век порано. Распадот на една империја, дали Отоманската империја при Првата светска војна или на Советската империја во 1991 година (независно од разликите), не создава вакум кој треба да биде исполнет од друга надворешна империјата.
Тој создава пребарување за легитимно управување. Исто како што Британија го негираше на Блискиот Исток правото на самоуправа по Првата светска војна, токму така САД продолжуваат да го негираат на Блискиот Исток правото на самоуправа по 1945 година, го негираат тоа право и по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.
Проширување на власта на САД по распадот на Советскиот Сојуз се манифестира на два основни начини. Прво, наместо демонтирање на НАТО, откако советската закана заврши, владата на САД се прошири во поранешните советски сателитски држави, на тој начин го приближи НАТО се поблиску до руската граница. Проширувањето на НАТО ги вклучи Чешка, Унгарија и Полска во 1999 година; Бугарија, Романија, Словачка, Словенија, Естонија, Латвија и Литванија во 2004 г .; и Албанија во 2009 година. Во 2008 година САД ги поканија Украина и Грузија за членство во НАТО, бидејќи беа желни алијансата да стигне дури до западните и јужните граници на Русија и да стане НАТО објект руската поморска база во Кримскиот градот Севастопол.
Второ, американската влада се активира да ги тргне поврзаните со Советите влади на Блискиот Исток и да ги замени со пријателски на САД режими. Овој план беше донесен непосредно по првата војна во Заливот (1991). Ген. Весли Кларк раскажа за разговорот што тој го имал во 1991 година со Пол Волфовиц, во тоа време заменик-министер за одбрана при министерот Ричард Чејни. Волфовиц му објаснил на Кларк: “Но едно нешто што научивме (од првата војна во Заливот) е дека ние можеме да ја користиме воената сила во регионот – во Блискиот Исток – и Советите нема да не запрат. И ние имаме помеѓу 5 и 10 година да ги исчистиме овие стари советски режими во Сирија, Иран, Ирак, пред следната голема сила (Кина) да не предизвика. “Спротивно сепак на наивното тврдење на Волфовиц Русија не само што се преврте и туку глумеше дека е мртва.

Во 2008 година Русија упадна во Грузија и го прекина движењето на земјата кон пристапувањето во НАТО. Во 2014 година Русија го анектира Крим и ја дестабилизира источна Украина, за да се спречи падот на Украина во рацете на НАТО. На Блискиот Исток Русија го поддржа и вооружа Иран против американските обиди за дестабилизација на иранскиот режим и сериозно го заштити својот сојузник Башар Асад против напорите на ЦИА, Саудиска Арабија, Катар и Турција да го соборат. И Британците и Американците не покажувале сопирачки да поддржат деспоти и терористи во извршување на своите напори.
Еден дел од овие напори, како од страна на Британците, така и на Американците, била склоноста да ги поддржуваат сунитските фундаменталисти (познати уште како џихадисти) како наемни сили. За време на Првата светска војна Британската империја го поддржа локалниот владетел Ибн Сауд во војните за освојување на Арапскиот полуостров, верувајќи дека Ибн Сауд ќе биде лојален кон британската врховна власт. А сепак тој, и новата држава Саудиска Арабија, застанаа на чело на фундаменталистичко исламско толкување- вахабизмот, кој ги храни сунитските џихадисти од последните децении, вклучувајќи ги и “Ал Каеда” и “Исламска држава”. Треба да се нагласи дека Британците го поддржаа Ибн Сауд, за да ги порази многу умерените хашемитски владетели на западната Арабија (Хеџаз), бидејќи хашемитскиот владетел Шариф Хусеин се спротивстави на зголемената пенетрација на Велика Британија во арапскиот регион, а особено против создавање на еврејска татковина во Палестина.
А таа беше дизајнирана од Велика Британија, за да биде сигурен нејзин сојузник откај источниот дел на Суецкиот канал. По Втората светска војна американската влада започна оттаму, каде Британија беше престанала. Таа ги прегрна Саудиска Арабија, вахабизмот и сè друго. Таа постојано соработува со саудиските владетели за распоредување на џихадистички сили во борбата против непријателите на САД. Најпознатиот случај е кога ЦИА и Саудиска Арабија ги здружија силите во Авганистан во 1979 година по советската инвазија таму за создавање на армија од сунитски џихадисти, познати како муџахедини. Водечки партнер на ЦИА на теренот беше Осама бин Ладен, кој подоцна се сврте против САД. Не за прв пат поддржана од ЦИА организација станува суров непријател на Америка, што е класичен одмазднички удар, до кој се доаѓа по здружување со суперекстремистички групи кои имаа сопствени интереси. Самите намери на САД природно не биле ниту беспрекорени, ниту чесни. Првата и најважната директно е демонстрацијата на американската сила.
Во моментов има околу 800 американски воени бази во 80 земји, што е најголемото воено присуство во странство. Втората намера е економско: обезбедување на трговски правци, патеки на цевководи, нафтени полиња и други ресурси, а исто избегнување на оданочување и отуѓување – според американските комерцијални интереси. Третата намера е создавање на пазар за американска оружена продажба: секој клиент на руско оружје е изгубен за САД клиент. Американската влада, исто така продолжува со полутајната унија меѓу Саудиска Арабија и ЦИА поради сите штотуку наведени причини, а исто така за противење на Русија. Сојузот ги преживеа нападите од 11 септември 2001 година, при што терористите беа Саудијци, широко поддржани со саудиски средства.
Американците буквално не знаеја што ги удира. Џихад групите општо се смета за најголемите непријатели на Америка, но тие во еден или друг момент биле поддржани од Вашингтон и неговиот сојузник Саудиска Арабија, и биле користени како дел од операциите на ЦИА и Саудиска Арабија – барем во почетокот. Трошоците за глобалната американска стратегија продолжуваат да растат. САД се зафатени со постојана војна во се поголем број земји. Сунитски терористички одмазднички удар е зголемен, сега речиси секојдневно го гледаме во некои места во светот. Буџетите на американската влада за неговите воени сили се богатство – околу 759 милијарди долари годишно за финансиската 2017 година или по околу 2 милијарди долари на ден, од кои за Пентагон (590 милијарди долари), разузнавачките агенции (54 милијарди), внатрешна безбедност (47 милијарди) и други програми (60 милијарди.). Патем тензиите со Русија се покачуваат, Русија и НАТО во Турција стигнаа на опасна близина на отворен конфликт во Сирија. Обама заслужува пофалби за признавањето на суровите вистини за кривата надворешна политика на Америка. Неодамна во интервју за “Atlantic Monthly” тој ја опиша како Вашингтон лекомислено се лизна кон војна; како Пентагон постојано го “задира” со барања за зголемување на воената сила; како во “упатствата за сценарија” за надворешна политика доминираат со воените одговори; како сојузници на САД на Блискиот Исток, особено Саудиска Арабија и Турција, имаат тенденција да ги “користат американските” мускули “за своите себични цели”; како некои воени лидери се убедени дека можат да го решат секој проблем ако главниот командант едноставно им обезбеди она што тие го побараат; како надворешнополитички мозочни потреси во Вашингтон “вршат барања за финансирање на Арапи или произраелски средини”; како сунитските Арапи, кои се американски сојузници, го доведоа антиамериканскиот тероризам; како “стана очигледно за Обама дека победата (против” Исламска држава “) е поитна задача од соборувањето на Башар Асад; како “Путин делува во Украина, која се обидува да му побегне од канџите , и го направи апсолутно истото во Сирија; и како “трката меѓу Саудијците и Иранците … помогна за потхранување на локални војни и хаос во Сирија, Ирак и Јемен.”
И сепак има многу што да плачеме како од аргументите, така и од активностите на Обама. Најмногу затоа што – покрај неговите стравувања – тој тргна заедно со ЦИА, Саудиска Арабија и Турција кон сирискиот конфликт. Тој го надмина мандатот на Советот за безбедност на ОН во Либија и ги искористи силите на НАТО за соборувањето на Моамер Гадафи. Тој ги прошири тајните операции, особено воените дејствија со беспилотни летала и ја покажува вообичаената американска ароганција дека САД треба да предводи, бидејќи без нив ништо добро не се случува на светот.
Еве што рече Обама: “Факт е дека нема самит, на кој да сум присуствувал, откако сум претседател, на која ние (САД) да не сме ја одредувале агендата, каде да не сме биле одговорни за главните резултати. Тоа е вистина, без разлика дали станува збор за нуклеарна безбедност, или за спасување на светскиот финансиски систем или на климата “.
Причината што ја прави оваа изјава целосно погрешно, е дека САД беа главната причина за финансиската криза која во последните 20 години беше најмачната, а не лидер во однос на климатските промени.
Не е толку тешко да се замисли спротивен пат на САД за гарантирање на безбедноста. американската влада треба да престане да игра на ризик со воена база во секоја земја, а да се обложи на дипломатијата и да ги превзема војните со изнаоѓање на стратегии за взаемно прилагодување со другите сили. Интересите на САД и Русија во областа на безбедноста и економијата во реалноста се совпаѓаат и во Европа, и во Блискиот Исток. И двете страни имаат корист од мирот и отворени пазари. И двете се силно подложни на џихад тероризам. Испровоцираното од САД проширување на НАТО и предводените од САД војни на Блискиот Исток доведоа до враќањето на студената војна со Русија.
Поопшто кажано, Владата на САД треба да почне да игра според меѓународни правила за воспоставување на кои е направено толку многу пред 70 години со создавањето на ОН. Неколку пати во последните 15 години САД преземаат унилатерални воени дејствија без поддршка од Советот за безбедност на ОН. Кога Владата предложи за гласање во Советот за безбедност во 2003 година за војната во Ирак, таа беше логично одбиена од другите земји, но САД не ги послушаа и се дојде до ужасни резултати. Истото се случи со Сирија и со Либија, кога Русија и други земји членки на Советот за безбедност ја предупредија американската влада за опасностите од нивните еднострани дејствија.
Колку подобро ќе биде ако земјата беше ги слушала советите и приговорите на другите големи сили. Се разбира, важно е не само одбегнување на војни. Целиот свет се потпишал под итна агенда за одржлив развој – промовирање на економскиот напредок, социјалното вклучување, како и стабилност на животната средина. Една успешна и храбра надворешна политика би се концентрирала на позитивното решавање на проблемите на климата, сиромаштијата, создавање на работни места и други прашања за кои се интересираат од остатокот од светот.
Светскиот хуманитарен самит на ОН ќе се собере во Истанбул на 23-24 мај 2016 година, за да разговара за решавање на светските хуманитарни кризи. Конференцијата ќе се одржи речиси на денот на 100-годишнината од потпишувањето на Договор Сајкс-Пико – грозоморниот дослух помеѓу британската и француската империја за распарчување на Отоманската империја по Првата светска војна. Генерално столетие на дволичност на големите сили, на тајна дипломатија и војни е доволно долг период на време. Ајде да започнеме век, врз основа на дипломатијата на ОН и одржлив развој, а не на војната. / БГНЕС
—————–
Автори на објавениот текст во е-списанието “Џада” к се Џефри Сакс (професор на Универзитетот Колумбија, специјалист во областа на одржливиот развој, управување и политика во здравството) и Хана Сакс, студентка по историја во Универзитетот Јеил.

