Кога Западот поцрвене

од desk3
116 прегледи

Културната револуција на Мао е огромен крвав терор, масовно занес, ги однесе животите на милиони Кинези. Заслепителното нејзиното влијание врз западната левица и студентското движење 68-ца ја анализира DW.

0,,19239347_303,00
Пред 50 години во Кина започнува Културната револуција. Мао Це Тунг ja зајакнува својата власт i прогласува перманетна револуција. Почнуваат незамисливи општествени, економски и политички промени. Стотици илјади се испратени во кампови, стотици илјади – депортирани, стотици илјади губат работа. На крајот бројот на жртвите, на убиените и умрени достигнува милиони. Точната бројка никој не ja знае. Кинескиот комунизам, маоизмoт беше затрупан кошмар, кој се обиде да изгради повеќе праведен свет врз коските на 65 милиони луѓе – под претпоставка за вистинитоста на невденото во “Црната книга на комунизмот”.

Во исто време на Запад почнуваат студентскиот бунт и многу млади луѓе ги доживуваат случувањата во Кина поинаку. За нив маоизмот е возбудливо интелектуално привлекување. Овие млади луѓе пеееа оди за новите босоноги доктори во кинеските села. Тие го поздравуваат испраќањето на кинеските интелектуалци како црни работници на на село или во индустријата. За нив “црвената книшка” на Мао е вистинска библија, а самиот Мао – светец на револуцијата. Комунистичка Кина, веруваат тие, ги остварува идеалите на Маркс и Енгелс, кои во СССР одамна се задушени и напикани во Гулаг.

Тогашните млади леви во Германија и во Франција, во Италија и во САД се воодушевуваат по маоизмот. Тие ги обожаваат псевдо-конфучијанските мудрости на Мао од типот на: “Власта доаѓа во народот.” Со такви мудрости ги оправдуваат и насилствата кои ги вршат за време на протестите во големите западни градови. Штом се случува во Кина, значи може да се случи и во Париз во 1968, веруваат тие. Во студентскиот бунт расцветува идејата за социјализмот и за бескласно општество. Овој бунт е анархистичен, интернационалистичен, а често пати – и сосема кинески. Но не е само тоа.

 

(ВИДЕО) Бугарите на небо по скандалозната Евровизија: Браво, Поли, ти си победникот!

 

Студентското движење почнува да се распаѓа уште од самиот почеток – како и секогаш се случува со левите. Се појавуваат : следбениците на Москва, троцкисти од IV-тата Интернационала, правоверните комунисти, кои сметаат дека идеалите им се спроведени во Албанија на Енвер Хоџа и во Северна Кореја на Ким Ил Сунг, следбеници на еврокомунизмот и Енрико Берлингуер. И сите тие бараат идеолошка потпора во филозофите: во “Франкфуртската школа” на Теодор Адорно и Макс Хоркхајмер во американски марксисти како Херберт Маркузе или пак во Жан-Пол Сартр – философот на слободата, кој на стари години тргна да го бара спасението на душата по сите можни ќорсокаци на комунистичките идеи од тоа време.

Кинеската културна револуција долго време служеше како образец на демонстрантите- студенти на Запад. Тие сакаа да се прекине капитализмот и парламентарната демократија – и погледите им се беа насочени кон Кина и кон Мао Це Тунг. Токму тој, според нив, беше архитектот на еден нов, фер и подобар свет. На чудовишното страдање, што го предизвика Културната револуција, тие не посветија доволно внимание. Дури до неговата смрт Мао остана нивен идол. Вклучувајќи, всушност и најмногу поради тоа што во СССР владееше тажно сивило. Кинескиот социјализам, Мао и Културната револуција влегуваа под кожата. А вистинската револуција во Кина, која ја одржа наследникот на Мао- Денг Ксијаопинг, воопшто не ги воодушеви левите – таа не ги возбудува и денешните левичари. Од неа се возбуди само Хелмут Шмит, но тој пак не беше всушност лев …