(ВИДЕО) Кралицата Елизабета го прослави јубилејот со блескаво шоу

од desk3
69 прегледи

Британската кралица Елизабета Втора отвори ја синоќа во Виндзор свеченоста по повод 90-тиот роденден, што беше кулминација на четиридневните прослави на јубилејот , пренесоа агенциите.

Кралицата и нејзиниот сопруг принцот Филип допатуваа во кочија, влечена од коњи, пред околу 5500 лица, во близина на Виндзорскиот замокот. Тие беа пречекани од нивниот син принцот Чарлс и неговите синови – принцот Вилијам со неговата сопруга Кејт и принцот Хари.

Betka

Илјадници луѓе ја следеа прославата на огромни екрани во парк во близина на замокот, како и на ТВ.

Во близина 90-минутното шоу учествуваа ѕвезди како Кајли Миног, Андреа Бочели и Џејмс Блант, но нивните изведби беа само позадина за вистинските ѕвезди – коњите, соопшти ДПА.

Коњи, гардисти, велосипедисти и музички состави од целиот свет исполнија кореографски спектакл, претставувајќи важни настани од животот на кралицата, како крунисувањето нејзиното во 1953 година. Во спектаклот учествуваа околу 900 коња – омилени животни на Елизабета Втора.

Кралицата ќе го прослави јубилејот и на 11 јуни со традиционална парада во Лондон, а следниот ден ќе има пикник на булеварот “Мол”, водечки пат кон Бакингамската палата, додава ДПА.