Денес врвни дипломати од регионот се среќаваат во Виена, за да разговараат за кризата во Либија. На средбата ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Тунис и Италија, како и државниот секретар на САД Џон Кери.
Северноафриканската земја е поделена помеѓу две завојувани фракции, а во меѓувреме “Исламска држава” собра илјадници борци во неа и почна напади врз соседен Тунис. Владата на национално единство, договорена под покровителство на ОН во текот на зимата, не може да наметне контрола над земјата.
Во меѓувреме еден влијателен во минатото маж повторно стекнува сили и можеби токму тој ќе биде обединувачка фигура за Либија. Станува збор за генерал Калифа Хафтар – некогаш верен приврзаник на Моамер Гадафи, подоцна воен затвореник и негов заколнат непријател, а во последно време – шеф на либиската армија, верна на меѓународно признатата влада во градот Тобруке, пишува Мустафа Фетури за “Ал Монитор” .
Во март Хафтар го ослободи Бенгази речиси целосно и ги поведе војниците на запад кон Сирт – тврдината на “Исламска држава” во последните две години. Градот е опкружен и армијата чека наредба за напад, додека џихадистите почнаа да се движат на запад и југ, заземајќи нови територии и села.
Нови парламентари избори во Хрватска: Знак за овој чекор е оставката на советникот на хрватскиот вице-премиер!?
Јавно искажаната цел на Хафтар е да се ослободи Либија од исламистите, но не се знае дали заземањето на Сирт ќе биде неговиот следен чекор. Следниот голем град на патот кон главниот град Триполи е градот Мистара. Таму е базирана најмоќната милиција во Либија, а нејзините членовите се непријателски настроени кон Хафтар. Напад врз Мисрата ќе создаде подолга и остра војна.
Во младоста тој бил дел од военото движење, организирано од Гадафи за соборувањето на кралот Идрис во септември 1969 година. Хафтар стигнува до ранг “полковник” под власта на Гадафи и водач на либиската армија, вмешана во граѓанската војна во Чад на страната на опозицијата. Во 1987 тој е заробен, а Гадафи негира дека либиски војници се наоѓаат на територијата на јужниот сосед. Хафтар и уште триста Либијци остануваат во рацете на властите на Чад.
САД, кои веќе повеќе пати се обиделе да го отстранат Гадафи,го ослободуваат Хафтар во замена на тоа тој да се приклучи кон новоформираната со поддршка на Вашингтон опозициска група – Национален фронт за спас на Либија. Хафтар живее во САД од почетокот на 90-тите до 2011 година и станува американски државјанин. Во тоа време тој одржува врски со либиските опозициски групи во егзил и организира воен отпор против Гадафи во самата Либија, но безуспешно … до 2011 година

Во март 2011 година тој се враќа во источна Либија и ги поведува бунтовниците, покривани од воздушните сили на НАТО. По падот на Гадафи, Хафтар тоне во неизвесност и се појавува јавно ретко до февруари 2014 година, кога на телевизија тој најавува почетокот на операцијата “Достоинство” против исламистичките милиции во Бенгази. Тогаш никој не го зема за сериозно, бидејќи во тоа време Хафтар нема официјална позиција во Армијата, ниту лојални борци.
Во следните неколку месеци тој ја доби поддршката на меѓународно признатата влада во Толбрук и стана командант на војската во март 2015 година. Хафтар се фокусира на борбите со исламистите во Бенгази, особено терористичката група “Ансар ал Шари”, која стоеше зад убиството на американскиот амбасадор во Либија во 2012 година. Два месеци подоцна генералот објави “војна на теророт” во цела Либија.
Според извори на “Ал Монитор” Хафтар воспоставил контакт со група поранешни професионални војници и политичари од претходниот либиски режим,кои живеат во егзил во Египет, кои се согласиле да му помогнат. Во замена секој од нив, кој заминал во егзил, ќе има право да се врати непречено во Либија, тврди медиумот.
На крајот ниту војската, ниту политичките цели на Хафтар се очигледни. Тој постојано се дистанцира од политичката сцена, но неговата популарност расте, особено во источниот дел на земјата и тоа може да го тера да заземе некаква јавна улога. Едно е сигурно – Хафтар ќе биде важен дел од обликувањето на политичката сцена во Либија.
