Анкета на „Социетас цивилис„: 63% од граѓаните се за да нема избори, ако не учествуваат сите партии

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Според последната анкета на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ мнозинство од испитаниците (63%) се изјасниле дека не треба да има избори на кои нема да учествуваат сите партии. За 31% таквите избори се прифатливи.

glasanje-krupno---janevska-

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) спроведе истражување на јавното мислење по однос на актуелните случувања, истражувањето е спроведено телефонски на репрезентативен примерок од 1016 испитаници во периодот 6-11 мај 2016 година. Во продолжение ги пренесуваме најзначајните наоди:

Еве дел од резултатите:

-Владата која треба да ја надмине политичката криза треба да биде составена од непартиски експерти или од сите парламентарни политички партии сметаат вкупно 55%. Влада составена преку избори на 5 јуни е решение за надминување на кризата според 36% од испитаниците.

-Граѓанските организации и движења треба да бидат вклучени во партиските преговори за надминување на кризата сметаат 61% од анкетираните. За 27% од испитаниците граѓанските организации и движења не треба да се вклучат во преговорите.

-Големо мнозинство од 76% испитаници не ги оправдува одлуките за помилување на 56 лица за дела поврзани со скандалот за прислушувањето. Само 16% сметаат дека помилувањата се оправдани.

-Поддршка за протестите (на Протестирам/Шарена револуција и ГДОМ) даваат 46% од испитаниците. Секој трети граѓанин (30%) ги поддржува протестите на Протестирам/Шарена револуција, а секој осми граѓанин (12%) протестите на ГДОМ.

-Граѓаните се поделени во оценувањето на улогата на САД и ЕУ во разрешувањето на политичката криза: 45% нивната улога ја оценуваат негативно, а 42% позитивно. Сепак, мнозинство граѓани (53%) сметаат дека САД и ЕУ имаат одлучувачка улога во разрешувањето на политичката криза и дека треба поактивно да се вклучат (56%).

-Во поглед работата на правосудните институции, испитаните на скала од 1 до 5 највисока средна оценка му даваат на Специјалното јавно обвинителство – 3.22. Уставниот суд е оценет со 2.33, Јавното обвинителство со 2.32, а судовите со 2.22.

-На прашањето за ставот кон политичките лидери, преовладуваат негативни ставови: 55% кон Али Ахмети, 52% кон Никола Груевски и 48% кон Зоран Заев.

Никола Груевски и Зоран Заев имаат приближно еднаква дистрибуција на позитивен став меѓу испитаниците: 33% се изјасниле позитивно за Никола Груевски, а 30% за Зоран Заев.

Слични содржини