Најголемата пловечка ветерна фарма во светот ќе биде изградена во близина на брегот на Шкотска, пишува . “Гардијан”.
Норвешката компанија “Статоил”, чија сопственост ќе е фармата, денеска доби дозвола за наем на морското дно. Петте големи ветерници со 6MW турбина Hywind треба да бидат поставени до крајот на 2017 година
До сега компанијата е сопственик на една слична фарма крај норвешките брегови.
Иновативните ветерни турбини се најпосакувани при изградбата на фарми со ветерници, бидејќи се значително лесни за монтирање. Стандардните турбини кои се прикачени на морското дно, се поскапи, најчесто при поставување на длабочина од над 40 метри. Сепак за моментот повеќето крајбрежни турбини се токму такви.
Предност на пловечките уреди сепак е тоа што тие можат да бидат доведени поназад во морињата и океаните, каде и ветровите се посилни. Во моментот во светот има повеќе од 40 проекти кои вклучуваат пловечки турбини кои се во различна фаза од спроведувањето .
Фармата ќе плови на повеќе од 27 километри од шкотските брегови. Основата на секоја турбина е составена од челични цевки и онсви кои се приврзани кон морското дно.
Повеќе од 90% од офшор инсталации за ветерна енергија се наоѓаат во Северна Европа, а Велика Британија има најмногу од нив. Сепак искористувањето на ветерот се зголемува и во земји како Германија, Јапонија, Кина и САД.
