(ВИДЕО) Ванхауте на Злосторството на молчењето: Не се случи убиство, бидејќи немаше кој да ги именува убијците

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Ме  изненадува контекстот на страв. На ниту едно друго место каде што сум работел не сум видел толку исплашени луѓе. За своите работни места, за своите плати, семејства, роднини. Не сум видел друга земја во која амбициозните млади луѓе сонуваат да ја напуштат земјата. Една просперитетна либерална демократија не смее да излега така – изјави Питер Ванхауте во своето излагање во рамки на Трибунус Цивилис на тема „Злосторство на молчењето“.

Тој потоа прочита неколку параграфи од роман напишан од еврејска писателка која ја  напуштила Германија непосредно пред Втората светска војна. Станува збор за рoман напишан во 1938-та година приказна на пет деца и нивното тешко растење во периодот на подемот на нацизмот во 30-тите години.

-подемот на режимот и заземањето на власта имаат многу сличности со актуелниот систем тука, изјави тој.

-Никој не тагува, само ветерот. Нема крв на грмушките, тоа се само ислушени малини од есента. Не се случи убиство, бидејќи немаше кој да ги именува убијците. Не се случи злосторство, бидејќи немаше кој да покаже кон сторителите. Никој не лежеше со лицето кој црнатата земја. Никој не праша што се случи таа ниќ на улиците и низ шумите. Беше ноќ без право. Немаше злосторство, бидејќи немаше сведок – прочита Ванхауте