Европа собира потписи- Можно ли е да и ја одземат наградата на Џамала од “Евровизија 2016”?

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Беа иницирани различни петиции со обраќање до организаторите на конкурсот

 20160517.tzrsmxxofzГраѓаните на различни европски земји изразуваат незадоволство од начинот на кој се одлучи кој да го освои првото место на овогодинешниот натпревар “Евровизија 2016”. Петиција со барање да се преиспитаат резултатите од меѓународниот конкурс за песна се појави на сајтот Change.org, соопштува РИА Новости, пренесува БГНЕС. За момент обраќањето кон организаторите на трката е потпишано од  веќе повеќе од 29 000 луѓе од потребните 35 000.За автор на петицијата се наведува жител на Ереван – Артур Оганесн, но иницијативата е поддржана од граѓаните на Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Австралија , Србија, Шведска, Русија, Украина и други земји.

“Ние разбираме дека гласањето на жирито и публиката – тоа е тежок и емоционален процес, но бројот на потписниците на оваа петиција покажува дека многумина се убедени во тоа дека победник оваа година на конкурсот стана не оној кој требаше да победи “, вели авторот на обраќањето. Шпанецот Кристијан Гаридо од Мадрид исто така, направи своја петиција во сајтот Change.org, во која повикува Шпанија да се откаже од учество во” Евровизија 2017 “. Според него оваа година финалето на натпреварот во Стокхолм било “исмејување” и на половина Европа и  станало јасно дека резултатите се одредуваат од “политички интереси”. “Дали сте задоволни од резултатите на” Евровизија 2016 “, прашува тој.” Шпанија не треба да учествува во 2017-та, за да видат и разберат сите колку сме револтирани “, пишува уште авторот на обраќањето. 4822446Германски корисници на порталот” OpenPetition “исто ја повикуваат земјата да се откаже од учество во” Евровизија “во следните години. според зборовите на авторот на една од претставките, “оваа трка се одржува не на уметничко ниво, туку ги  одразува само политичките ветрови”. Французите пак започнаа петиција за разрешување на водечката која го коментираше финалето на Евровизискиот натпревар по канал “France 2”. авторот се обраќањето на сајтот “Avaaz” наведува дека водителката  Маријан Џејмс си дозволила да прави навредливи искази за Русија и така е навреден   и имиџот на Франција