Милијардерот Доналд Трамп, кој фактички си обезбеди издигнување како кандидат за претседател од Републиканската партија, ќе се сретне во среда со поранешниот државен секретар на САД Хенри Кисинџер, за да се посоветува со него за кривењето за надворешната политика. Ова го соопшти електронското издание на “Вашингтон Пост”.
Според податоците на весникот, средбата ќе се одржи во Њујорк. Трамп и 92-годишниот поранешен дипломат веќе одржале неколку телефонски разговори во последниве недели. Детали од претстојниот состанок не се објавени, но како нагласува “Вашингтон пост”, средбата со Кисинџер веќе одамна се јавува нешто како своевиден обред па им се посочува на многу амбициозни републиканци, особено оние кои сакаат да станат кандидати на партијата за претседателски избори. Средбата со Кисинџер покажува дека Трамп веќе се ориентирал кон пореален поглед на надворешната политика, бидејќи реалниот пристап кон надворешната политика е карактеристичен за Кисинџер. Хенри Кисинџер е поранешен државен секретар на САД и помошник на претседателот за национална безбедност. Тој работи за администрацијата на Ричард Никсон во 1969-1974 и на Џералд Форд од 1974-1977г. Се смета дека Кисинџер е еден од иницијаторите на помирување во односите меѓу САД и СССР. Во 1973 година тој е награден со Нобелова награда за мир. / ТАСС