Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски ја известила Државната изборна комисија дека била под силен притисок на меѓународната заедница во Македонија да се откаже од изборите, објави провладиниот портал Прес24.

Инаку СДП во средата вечерта ги достави своите кандидатски листи до ДИК, слично како и НДМ на Јанко Бачев. Втората партија која требаше да му биде конкурент на ВМРО-ДПМНЕ, пак, беше дисквалификувана од страна на ДИК поради нерегуларности во листите.
По ова, ВМРО-ДПМНЕ остана единствена партија со кандидатски листи за изборите закажани на 5 јуни, кои може и да не се одржат.
СДПМ стана позната партија за јавноста откако на претходни избори, излезе со листи за пратеници со имиња слични на оние од СДСМ, со цел да ги збуни гласачите. Така, носители на избори листи на минатите избори беа имиња како Рада Шекеровска, Зоран Зашев и Игор Ивановски