Популарниот руски опозициски лидер и познат борец против корупцијата во земјата беше нападнат заедно со свои соработници на аеродромот во градот Анапа, беше тепан и клоцан.
На аматерско видео, распространето од телевизискиот канал “Дожд”, се гледа како десетици мажи во козачки униформи го напаѓаат од зад грб, го гаѓаат со шишиња вода и го соборија на земјата.
Портпаролката на Навални објасни дека тој и соработниците на неговиот Фонд за борба против корупцијата биле со своите семејства. Артом Торчински кој е удрен со тупаница во челото и клоцан, раскажа за телевизијата дека напаѓачите викале “Излегувај од нашата земја”.
“Дојдоа и не успеавме дури да ги симнеме ранците. Тепаа и мажи и жени”, напиша Навални во социјалните мрежи.
Транспортната полиција, која го чува регионот, не се вмешала, додека околу 30 Козаци не ги истепаа луѓето на Навални, додаде портпаролката Кира Јармиш. На снимката се гледа дека има неколку униформирани лица.
“Започната е проверка на инцидентот меѓу група граѓани кои го чекале авионот за полетување, и за Козаците”, се вели во соопштението на полицијата.
Анапа е познато руски одморалиште на Црното Море на северозапад од Новоросијск, популарен главно како место за детска рекреација.
