Културната револуција беше полна грешка и повеќе нема да се повтори, вети во вторникот кинескиот државен печат, прекршувајќи го медиумско молчење по повод 50-годишнината од нејзиниот почеток, пренесе Франс прес.
Големата пролетерска културна револуција започна на 16 мај 1966 година со официјална изјава и за деценија го преврте радикално кинескиот политички пејзаж.
Тогашниот водач Мао Це Тунг го презеде овој потег, за да ја зацврсти својата власт со цената на падот на државата, прогонството на десетици милиони луѓе (вклучувајќи огромен број членови на Кинеската комунистичка партија, ККТ) и сеприсутниот хаос.
“Никогаш нема да дозволиме грешка како Културната револуција да се повтори”, изјави официојаниот весник на комунистичката партија “Женмин жибао”, кој не објавува ништо темат вчера, на денот на годишнината. Денешната статија го осудува периодот како “целосна грешка во теоретски и практични план”.
Културната револуција не е табу тема во Кина, но комунистичката партија строго ги контролира дискусиите по неа, за да не ја поткопаат премногу легитимноста на актуелната власт. Многумина кинески политички набљудувачи и експерти повикуваат на длабока историски анализа на настаните,за да се спречи слична катастрофа да се повтори, посочува АФП.
Трамп ќе се допрашува со Хенри Кисинџер за надворешната политика
Весникот на ангчиски “Глобал тајмс”, близок до ККТ, го проценува таквиот чекор како непотребен. “Културната револуција не може и нема да се врати. Таа нема место во современа Кина”, нагласува негова уредувачка статија.
Во 1981 година овој период беше официјално окарактеризиран како “тешка грешка, која внела хаос во земјата и доведе до катастрофа партијата, државата и целиот народ”.
Декларацијата ја фрли вината главно на Мао Це Тунг, внимавајќи да не навестува за евентуална одговорност на самата Комунистичка партија. Стравот од ненадејна промена на лево во курсот на режимот, не е целосно исчезнат во Кина.
Во почетокот на мај концерт организиран во Големиот дворец на народот во Пекинг, рашири полемика за интерпретацијата на маоистички песни во позадината на пропагандни декори на Културната револуција.
Според “Глобал тајмс” сепак Кина извлекла поука од “постојаната болка во деценијата, која ги научила Кинезите да бидат будни за опасноста” од немири.
“Никој не се плаши од хаосот и не сака стабилност повеќе од нас”, нагласува весникот.
Потсетуваме дека вакво оградување направи и наследникоит на Јосиф Висарионович Сталин- Никита Хрушчов, кога јавно ги обелодени неговите злосторства направени во името на револуцијата.

