(ВИДЕО) „Молкот значи смрт„ – граѓаните маршираат против еднопартиските избори

од Vladimir Zorba
105 прегледи

13250520_10154146503654804_1285611669_n

Граѓаните го почнаа својот марш против еднопартиските избори. На транспарентите шишува: „Молкот значи смрт„ „Бараме правда„.

Традиционално тие се собираа пред објектот на СЈО, а се движат кон Собранието, од каде повторно Шарената револуција ќе се сконцентрира пред Владата. Граѓаните бараат одложување на изборите и повлекување на аболицијата на претседателот, Ѓорѓе Иванов.

13245967_10154146503129804_55387052_n
„Протестирам‬ за Македонија во која ќе шетаме слободно, Македонија во која институциите ни служат нам и го штитат јавниот интерес, Македонија во која никој не е стигматизиран и тепан, Македонија на еднакви, моќни и бестрашни граѓанки и граѓани!“, се вели во објавата на здружението.

13249443_10154146502469804_478785762_n

Сѐ до исполнување на осумте барања, наша единствена арена се улиците и плоштадите, нашата борба здружена, нашиот глас продорен и јасен!“ -велат организаторите.
Вечерва протести ќе има во Охрид, Кочани, Битола, Прилеп, Неготино и други градови./ видео Мета

13250573_10154146504609804_699652137_n