Демонстрантите повторно ја офарбаа Портата Македонија, додека колоната со граѓани низ центарот на Скопје се упатија кон Владата.
Демонстрантите повторно ја офарбаа Порта Македонија #протестирам #шаренареволуција pic.twitter.com/WDbbkGeiOh
— META.mk (@meta_agency) May 17, 2016
Демонстрантите носат транспаренти „Молкот е еднаков на смрт“, „Шарам правда барам“ „Збогум Никола“, „Изрод по изрод револуција“, а се слушаат и патриотски песни. Покрај ова се пуштаат снимки од изборните нерегуларности, а пред Влада таму е поставен бина за вечерашните говори.
Шарената револуција бара итно поништување на одлуката за одржување на изборите на 5 јуни, поништување на одлуката за аболиција на оние против кои е поднесено обвинение од страна на СЈО, оставка од Ѓорге Иванов, формирање специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите на СЈО и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира идните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
Денес за првпат се протестира во Неготино, блокади на патот има во Чешиново-Облешево, а се протестира и во Кочани, Охрид, Струмица, Битола и Прилеп.



