Исламот е дел од Германија и тоа ја прави привлечна

од desk3
88 прегледи

Муслимани сакаат да подигнат џамија во Ерфурт – првата во Тирингија. Антиисламските “Алтернатива за Германија” и “Пегида” се мобилизираат за протест против иницијативата. Тоа не смее да се дозволи, коментира Наоми Конрад.

zx450y250_2762409

Во што се состои проблемот? Една верска заедница ја најави својата намера да изгради свој храм во индустрискиот дел на Ерфурт – т.е. доволно далеку од центарот на градот. Во соседството се наоѓаат само згради на противпожарната служба, на техничката служба за помош при несреќи и на германското здружение за контрола над моторните возила (ДЕКРА). Тоа значи дека 70-те муслимани од локалната исламска заедница, кои сакаат да си имаат џамија, очигледно нема како да предизвикуваат голем метеж на градските улици, ниту пак да ги блокираат јавните паркинзи во околината.

Сепак, претседателот на фракцијата на “Алтернатива за Германија” во парламентот на Тирингија Бјорн Хоке намирисува “проект за освојување на земјата” и објавува “мерки за спречување” . Почетокот ќе стави концерт под мотото “Нашата земја, нашата култура, нашата одлука”, на кој ќе биде прочитан и поздрав од “Пегида”.

Бразилскиот преврат: Зошто и како беше отстранета Дилма Русеф од претседателската функција?

 

Ксенофобистите веќе се здружуваат. Иако во случајот не станува збор за свратилиште на некоја сомнителна секта или за сциентолози, туку за релативно мал дом за молитва, за џамија со минаре, која според податоците на муслиманската заедница – нема да биде поголема од двокатна куќа.

Градежниот проект е прв од ваков вид во Тирингија, апо Лајпциг и Кемниц – и само третиот од овој вид во источните федерални провинции. За “освојување на земјата” затоа воопшто не може да стане збор.

Независно од тоа “Алтернатива за Германија”, “Пегида” и СИЕ сакаат муслиманите во Источна Германија и понатаму да ги упатуваат своите молитви кон Бога од лични станови или од привремено дадени за целта напуштени канцелариски згради.

Муслиманите и џамиите се дел од Германија

Но, дури и да не беа: зошто е потребно муслиманите да се кријат, како што се обврзани да се срамат од својата вера, или дури да се извинуваат за неа? Зарем тие се само гости во оваа земја, а не наши сограѓани и соседи?

Јасно е дека нема како да се забрани на луѓето да се држат расистички или да веруваат на примитивни предрасуди за исламот и муслиманите, кои често водат до изливи на омраза и насилство. Но, за среќа, никој не е должен да се води по умот на овие луѓе. Исламот, муслиманите и нивните молитвени домови се дел од Германија. Нека не дозволиме “Алтернатива за Германија” и други како нив да ни сугерираат дека тоа не е така. Инаку оваа земја наскоро би останала не особено привлечна за живеење, туку тоа веќе навистина веќе би било сериозен проблем.