Саморегулација и чекор повеќе , колку за (не)редот!

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ),  во хотелот Арка, во Скопје, и денеска  организира регионална конференција на тема „Предизвици на Советите за етика во регионот на Балканот“. Учествуваат советите на Албанија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Косово  и Босна и Херцеговина. Се дебатира за различни искуства и предизвици за дејсвувањето на овие саморегулативни тела. Ви го пренесуваме излагањето на Драган Антоновски претседател на на СЕММ

13256106_1047044328676337_245137486252363333_n (1)

– Овој дел кој мене ми припадна, колку за вовед на дискусијата е со наслов Говор на омраза.
Јас  воопшто не сум поборник за некакви дефиниции, за некаква форма туку за она што вистински ни се случува. НИе последните барем колку јас знам 20 години сме против говорот на омразата, против лагата, а вистината е само една, и тој е и натаму присутен на повеќето медиуми. ЈАс не сум за тоа само да констарираме и пребројуваме.
Ќе ја откриеме ли Америка, кога сме во време кога лажењето е суштина во информирањето, поради кои луѓето не само што се мразат туку почнаа и да се убиваат, – а ние ќе кажеме нели во толку и толку случаи се регистрирани истапи на говор на омраза.
Јас не сакам да зборувам за сите форми на говорот на омраза, туку за оние најопасните, и мислам дека онаа меѓуетничаката омраза згаснува, барем таков е впечатокот за мојата Македонија, но сакам да зборувам за послседиците од политичкиот говор на омраза!
Пред некое време се случија контрапротести пред македоскиот парламент, а истовремено и протестите на шерената револуција стотина метри подолу. Поминав кај контрапротестантие кои ме обвинија дека сум преминал на другата страна со предавниците, со тие кои ги плаќаат странците, со петоколонашите, дека се кикотам со сороспиите…. по малку муабет останаа тие збунети кој и каде е, зашто заклучивме дека и тие и јас ја сакаме Македонија..
Заклучокот од ова ми беше дека луѓето се збунети, заблудени,ама спремни да убиваат, да тепаат, да кршат за тоа што им го натуриле во главата, некоја измислена вистина.
Искрено не ги обвинив нив, се обвинив себеси и медиумите, тие кои занеме што се случува во медимути, а го премолчуваме сето тоа, односно не сме доволно гласни за сите да ја чујат вистината.

13267717_1047047858675984_992488711410256467_n
Не во броењето колку случаи сме регистрирале, туку во посочувањето Кој е виновникот за конкретниот случај!
Мора да ги посочиме виновниците да го најдеме почетокот за да дојдеме до решението. Првин да почнеме од нас
-Дали правиме доволно и дали е тоа единствениот вистински начин за да ја постигнеме целта?
Второ до кога ќе им пишуваме и бареме какви такви оправдувања на тие кои ги обвинуваме?
Мора да се каже гласно дека новинарите кои не се спротиставуваат на ваквите тенденции и на кршењето на етичките стандри, на кршење на Кодексот на новинарите – сите тие, па и ние сме соучесници во уривањето на професијата.
ДА бидеме искрени , Сите ние заедно во регионот сме некаде на дното на скалилото на рангирањето на медиумските слободи и токму поради тоа не можеме да бидеме комотни дека ние правиме се што е потребно , за да ја заштитиме нашата професија.
Едно е новинари кои спроведуваат, друго се уредници кои премолчуваат, трето се газдите на медиуми кои одобруваат, а потоа се кријат дека не знаеле.
Ќе мора јавно да ги прозиваме, без исклучоци, и на тој начин да ја едуцираме публиката за професионално новинарство, за релевантност и кредибилност на информација.
Мораме да го демонтираме стереотипот кај публиката дека се што е кажано на телевизија и напишано во весниците е вистина, туку мора де се избориме дека вистина е само тоа што е се потпира на факти и стандарди во професијата.
Мора да разграничиме што е пропаганда а што е информирање.
НИе како медиумска заедница мора да покажуваме со прст, и сега тоа е мојата дилема која сакам да ја споделам со вас, да ја продискутираме- ќе ги исклучуваме тие кои се вистинските натрапници и не сакат да се поправаат или само постојано ќе ги опоменуваме?

ЈАс не сакам да се возиме по онаа познатата„ Кучињата лајат, а карванот врви “ наша изрека се надевам го заете значењето
Сега веќе не е проблем што кучињата лајачи сме ние, туку дека кучињата касачи се тие!
И уште пострашно токму кај тие кучиња и класични пропагандисти и рекет новинари седнуваат премиерот на држава, претседателот, газдата на медиумот, а кога ќе ги прашате- ќе ви одоговорат …ништо лични има само голема гледаност!? Ма немој !
А нели треба тоа гласно да го насловиме како државна политика на поддршка на говорот на омраза и уривање на новинарксата професија. Сепак, саморегулацијата не може да ја замени улогата на елементарната регулација. Недејствувањето на обвинителството, дестегодишниот молк на регулаторот Агенцијата за дифузија, се тоа ни покажува дека тоа е државна стратегија на убивање на професионалното новинарството, и правење простор за пропагандата.
Лесно е да се посочи новинарот, и тој ќе се одбрани дека е приниден од уредникот, тој од газдата, овој од тендер друштвото на премиеорот, ама каде е тука обвинителството, или каде е тука јавноста.Она што го случаме во медиумите повици за убиства, па тоа е далеку од клевета, или нешто што моше да се саморегулира.
Ја навикнаа јавноста дека ненормалното е нормално, дека полувистината, лагата , информацијата, пропагандата се е релативно – секој да си бира што сака. А каде се фактите?
А каде е она клучното – Јавноста има право да знае !
Сакам да отвориме дискусија во оваа насока , нешто малку повеќе од констаирање, броење и пребројување на прекршувањата. Тоа е работа која ќе ја правиме и натаму . Можеме ли да зборуваме за друга стратегија во елиминирање на непрофесионалноста , во вакви вонредни тешки околности кога се кршат етичките стандарди и опасноста саморегулацијата да стане не само лав без заби , туку на тој истиот тој беззаб лав и да му ги врзат очите!
Драган Антоновски , Скопје 18.05 2016.