– Русокосата актерка Кристен Бел, која се прослави со главната улога на серијата „Вероника Марс“, го позајми гласот на трачерката во „Озборувачка“ и во последните неколку години ја гледавме како бесрамна деловна жена во „Куќа на лаги“, годинава ќе се појави во новата хумористичка серија на Ен-Би-Си под наслов „Доброто место“.
Познатата актерка ја игра главна улога, девојката Еленор, која никако не може да се нарече добра или грижлива личност, а која по неочекуваната смрт, по грешка завршува во рајот.
Во рајот мислат дека таа е благородна адвокатка, која го посветила животот спасувајќи невини лица, а бидејќи не може да се врати назад, мора да се прилагоди на животот во „Доброто место“.
Нејзиниот ментор го игра Тед Дансон, а Елеонор добива и „сродна душа“, добродушниот маж кој и помага да се снајде во рајот.
За оваа хумористична серија заслужен е Мајкл Скур, творец на хитовите „Бруклин 9-9“ и „Паркови и рекреација“.