Претседателот на Кривичен тврди дека членови на УПОЗ вршеле притисоци за штрајк

од desk3
93 прегледи

Во однос на прашања кои беа упатени до судот од повеќе медиуми за денешната изјава на претседателот на УПОЗ, Пеце Грујевски:

„Претседателот на синдикатот на судските работници, Пецо Грујовски, денeска најави дека ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Основниот суд Скопје 1, секретарот на судот и еден судски полицаец кои според нив вршеле големи притисоци врз вработените во овој суд за да не се приклучат кон штрајкот.

????????????????????????????????????

Според Грујовски, тројцата им се заканувале на вработените со откази и со казни.

– Пред три години претседателот на сидикалната организација од скопска единица беше исклучен од УПОЗ бидејќи работеше неправилно. Потоа тој формираше нова синдикална организација, а ветуваше работи кои не им ги исполни на членовите. Пред еден месец администрацијата на Основниот суд Скопје 1 повторно се зачлени во УПОЗ и им се придружија на нашите барања. Токму заради ова тие се незадоволни и прават се да ги спречат луѓето да излезат на штрајк – рече Грујовски.“

Инфомрираме дека:

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ги поздравува напорите на колегите – вработени во судовите во Р.Македонија за остварувње на нивните права.

Од вчера, како Претседател на Кривичниот суд во Скопје учествува на тркалезна маса организирана од Здружението на Јавни обвинители на Р.Македонија, Институтот за судска медицина и Академијата на судии и јавни обвинители, која се одржува во Гевгелија, па затоа нејасно е како претседателот на судот може да врши притисок врз вработените кога воопшто не е во Скопје.

Што се однесува до најавените пријави порачува дека секој граѓанин на оваа држава има право и може да поднесе кривична пријава против друго лице, а иституциите кои постапуваат по тие пријави да ја утврдат основаноста на истите.

Со вака искажаните лаги и манипулации, спектакуларни изјави и конструкции за притисоци врз вработените во судот само се потврдува кредибилитетот на тие што пласираат вакви бомбастични изјави во духот на моменталната атмосвера во државата.

Воедно инфомрираме и дека во Кривичниот суд во Скопје од 400 вработени само околу 15 се членови на синдикатот на УПОЗ, додека поголем дел се членови на синдикатот на САДУ, односно 136 членови и Здружението на судска администрација – подруженица на Основен суд Скопје 1 – Скопје со 74 членови, кои како што сме информирани ги подржуваат барањата на вработените, но не се приклучија на штрајкот во ваков облик. Дополнително Претседателот на судот е известен дека токму тројца вработени , членови на УПОЗ, подолг период наназад, се заканувале на другите колеги од судот и вршеле притисоци да излезат на штрајк против нивна воља, за што веќе се земени изјави од вработените, случајот е соодветно документиран и законски се информирани надлежните така што разбирливи се заканите кои ги упатуваат од УПОЗ.
Интегрален текст