Нежното ветре на руската бура

од desk3
74 прегледи

Економијата на Русија многу бавно излегува од рецесија. Во податоците на националното биро за статистика во првата четвртина на годината бруто домашниот производ е намален за 1,2% во споредба со истиот период минатата година. Во 2015 година, обемот на производството е намалено за 3,7%. Покрај тоа финансиската ситуација останува доволно комплексна за мнозинството граѓани претстои да претрпат чувствителни загуби. Номиналната плата во 2015 година растеше полека, како за време на кризата од 1998 г .; поради високата инфлација реалната плата се намали за речиси 10%.

rusija1
Покрај тоа потрошувачката се намали за една десетина – што е двојно повеќе отколку за време на финансиската криза. Според податоците на Министерството за економија реалната плата ќе се намали во одреден степен и во 2016 година. Загубата на куповната моќ го стави под сомнеж економскиот модел,а кој се базира на популарноста на претседателот Владимир Путин. Со помош на прераспределбата на приходите од нафта во првиот мандат, Путин предизвика скок во потрошувачката. Но Русите живееја во утрешниот ден.
Од 2003 до 2013 година реалната плата речиси секогаш растеше побрзо од продуктивноста на трудот. Кога продуктивноста на трудот се зголеми до 8% за година, на работниците им плакаа 17% повеќе. Тоа се поминати денови. Ако биде пресметана во долари номиналната плата, тогаш поради падот на рубљата работната сила во Русија неодамна стана поевтина отколку во Кина. Се појавуваат повеќе информации за протести поради недостатокот на плата, без разлика дали станува збор за производителот на “Лада” -та АвтоВАЗ или за машински и автомобилската индустрија во Урал.

rusija2
Во Русија официјалното регистрирање на протестите на работници е скратено, но истражувања на социолози, особено на ЦНСИ во Санкт Петербург, покажуваат јасен тренд кон подобрување. Во зависност од методот на броење, минатата година биле зарегистрирани 409 или 156 работни штрајкови. Дури официјалната статистика е највисока од 2008 година на ниво на штрајкови. Поради стравувањата од отпуштање протестите на работници во Русија не се претворија во масовно појава. Ова може да биде оправдано особено во бројните моноградови – индустриски центри со големи работодавци. Покрај тоа , правните пречки, слабите синдикати и отсуство на меѓурегионална координација во рамките на секторите не придонесува за спроведување на штрајкови.

Чудо! Парламентот на Венеција го призна Крим за “интегрален дел од Русија”

Протестите ретко носат јавен карактер, како целина тие се спонтани, ограничени и локални. Само што некои работници се согласуваат на своевидна уцена: тие се подготвени да го прифатат намалувањето на платите, но да ја задржат егзистенцијата . Руските компании традиционално ги земаат предвид документатите, а не листата на вработените.

rusija3
Минатата година невработеноста беше во просек 5,6%, што е малку повеќе отколку во 2014 година, но далеку под 8,4-те проценти за време на финансиската криза. Одбивањето за отпуштања може да се случи од повеќе општи причини – како на пример чување знаењето во фирмата, но може и само по руски. Големите работодавци и контролирани од државата компании се под внимателно набљудување од страна на политичките органи. За да не биде доведен во опасност социјалниот мир и да не се создаваат политички проблеми, некои компании во текот на подолго време се воздржуваат од вршење на реорганизација и отпуштања. Често тие биле принудувани да се откажуваат и од внесување на средства за подобрување на ефикасноста и за современите методи на производство.
Во годините на бумот недостатоците на таква заштита на структурите едвај беше забележлива. Но за време на криза ситуацијата се влошува, а најмногу страдаат најранливите групи од населението. Без разлика дали поради загубата на работа или поради намалување на платата. Во април од Светската банка изјавија дека рецесијата го гази значителниот руски напредок во намалување на сиромаштијата. Според основното сценарио оваа година може да се очекува зголемување на нивото на сиромаштија од 13,4% до 14,2%, или до 20,3 милиони ѓители. Односно сега во беда ќе тонат повеќе луѓе отколку за време на финансиската криза. Во 2012 година максималното ниво на сиромаштија опфаќаше 10,7% од населението. / БГНЕС
————
Бенјамин Трибе, “Ноје Цурихер цајтунг”.