Здравко Савевски и Владимир Куновски од Левица остануваат во домашен притвор. Апелација ја одби жалбата на Обвинителството кое бараше тие да бидат притворени во Шутка се додека трае судскиот процес.
88
Одлуката ја потврдија од Апелацискиот суд за 24 Вести. Во меѓувреме судскиот процес против Савевски и Куновски кои се обвинети за демолирање на канцеларијата на Иванов се одложи по втор пат.
Иако државното правобранителство уште пред една недела утврди дека штетата од уништената канцеларија на претседателот Иванов изнесува 8 ипол илјади евра, правобранителката пристигна на денешното рочиште без материјалното вештачење.
Дојдов како замена на мојата колешка и одговорив на поканата, рече правобранителката./извор 24 Вести видео а1он
