(ВИДЕО) Ексклузивно: Пронајдени остатоците од исчезнатиот авион над Медитеранот!

од Vladimir Zorba
122 прегледи

1463664059-222222

Пронајдени се првите остатоци од исчезнатиот авион А320 на Egyptair. Тоа се случило во Средоземното море крај грчкиот остров Карпатос, пишува ria.ru.

1463663859-111111
Инаку, поранешниот пилот на Egyptair, а сега соработник на Nesma Airlines – Шериф Мехера, откри пред неколку дена случка со екипажот на A320, во кој авионот на авиокомпанијата бил загрозен од терористички акт.

Грчката армија потврди за пронаоѓањето на остатоците на авионот. Тие биле откриени јужно од островот Карпатос, соопштува Ројтерс, повикувајќи се на грчка телевизија. Информацијата беше потврдена и од војската. Забележани се два објекта на површината на морето, а се наоѓа на околу 80 километри на југо-исток од местото каде авионот за последен пат бил забележан од радарите.