Собранието изгласа селективно поништување на аболицијата – пратениците на СДСМ не беа на седницата

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Низата закони што претходно ги поднесоа владејачките партии ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, по скратена постапка, со цел да се укине аболицијата за 56 лица од претседателот Ѓорге Иванов, како измени во Законот за заштита на приватноста, заштита на личните податоци, измени на Изборниот законик, како и Законот за општа управна постапка, попладнево беа изгласани  без присуство на пратениците од најголемата опозициска партија СДСМ.

timthumb

Владејачките партии, како што рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски кој задно со Талат Џафери од ДУИ ги поднесоа предлозите, законот за помилување одамна го најавувале и со него ќе се „пополни правната празнина што сега постои“.

Како што беше најавено во иницијативата, целта на овој закон е создавање правна основа за поништување на помилувањето дадено од шефот на државата без претходна постапка, во утврден рок без должност за образложение на истата. Со предложениот закон на лицето кое е помилувано му се дава право да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување до Претседателот, при што тој е должен одлуката во утврдениот рок да ја поништи. Претседателот Иванов, сега, по лична процена да може да ја повлече аболицијата, но таа да мора да важи за оние кои ќе ја побараат.

Опозицската албанска партија ДПА смета дека владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се најголемите креатори на кризата во Македонија, рече меѓу другото пратеникот Имер Алиу..

Имено, на седницата ќе се рапсрава по Предлог на закон за дополнување на Законот за помилување, Предлог на закон за заштита на приватноста, Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на личните податоци, Предлог на закон за изменување на Изборниот законик, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управните спорови, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка, сите по скратена постапка и сите поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери од ДУИ.

„Целта на Предлог на законот е создавање правна основа за поништување на помилувањето дадено од Претседателот на Републиката без претходна постапка, во утврден рок без должност за образложение на истата. Со предложениот закон на лицето кое е помилувано му се дава право да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување до Претседателот, при што Претседателот е должен одлуката во утврдениот рок да ја поништи“, се појаснува за првиот предлог за измени на закон.

Меѓу другите закони кои беа изгласани во четвртокот е и Законот со кој се утврдува заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија, зо кој се утврдува и забрана за поседување, обработка, јавно објавување и располагање на какво и да е начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички и други цели и постапки.

Предлогот на законот се предлага со цел да се утврди заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година, образложија предлагачите.

Со прифатените решенија во Изборниот законик ќе се овозможи Државната изборна комисија (ДИК) да обезбеди електронски пристап до Избирачкиот список согласно со овој законик и на начин пропишан со прописите донесени врз основа на овој законик. Имено, тоа значи дека во текстот нема повеќе да стои според „прописите за заштита на лични податоци“, туку ќе се заменат со зборовите според „овој законик и на начин пропишан со прописите донесени врз основа на овој законик./извор а1он

Слични содржини