Голема веројатност Велика Британија да остане во ЕУ, според коефициентите на обложувалниците

од Vladimir Zorba
86 прегледи

 

Обложувалниците вчера соопштија дека постои досега најголемата веројатност за останување на Велика Британија во Европската унија на референдумот на 23 јуни.еу брит

„Вилијам Хил“ го намали коефициентот за гласање за поддршка на членството на Велика Британија во ЕУ на еден спрема пет, што е најниско ниво досега. Според оваа обложувалница, веројатноста за такво гласање во моментов е 83 отсто.

„Бетфер“ ги зголеми шансите за гласање за поддршка за останување во ЕУ на 77,5 отсто. Минатата недела беа определни 70 проценти.

Голем број инвеститори внимателно го следат коефициентите на обложувалниците во момент, кога социолошките истражувања презентираат мошне различни податоци за расположението на јавноста